Криси Спаркс од Бирмингам е 33-годишна фотографка и сопственичка на фото студио по име „The Doll’s House“. Нејзиниот талент е посебен, бидејќи таа успева да ги претвори обичните жени во модели кои заслужуваат да се најдат на насловните страници од најпознатите списанија. За период од 3 години, таа им направила фотосесии на повеќе од 1.300 клиенти. Нејзините фотографии се навистина неверојатни!rnrn
rnrn
rnrnКриси објаснува дека сите жени кои доаѓаат на почетокот се нервозни, но таа заедно со нејзиниот тим навистина се трудат да создадат пријателска и пријатна атмосфера за да ги опуштат.rnrn
rnrn
rn
„Многу жени сакаат да имаат убави фотографии во прекрасно опкружување и облека за нивно сопствено задоволство што им помага да си ја зголемат самодовербата“, објаснува Криси.
rn
rnrnОва е Лаура. Повеќето луѓе веројатно нема да ја препознаат нивната сосетка или колешка од оваа фотографија. Наместо тоа, сигурно ќе претпостават дека е некоја филмска ѕвезда.rnrn
rnrn
rn
„Верувам дека со помош на вистинската поза, светло и стајлинг, можам да го извлечам најдоброто од женската убавина. Ние им помагаме на жените да се видат во најдобро можно светло“, изјавила Спаркс.
rn
rnrn
rnrnЗа оваа талентирана фотографка најголемо задоволство ѝ претставува моментот кога ќе ги види жените среќни и задоволни од крајните резултати. Токму затоа вредат сите потрошени часови и огромната посветеност на работата.rnrn
rnrn
rnrnКриси Спаркс успева да докаже дека секоја жена е убава на свој начин. Нејзината мисија е од големо значење, бидејќи им ја враќа самодовербата на нејзините клиентки и ги поттикнува да го засакаат сопственото тело и физички изглед.