За секоја акција постои еднаква и спротивна реакција: Животни закони за среќа и самодоверба

Сподели

Третиот Њутнов закон гласи: „За секоја акција постои еднаква и спротивна реакција.“ Но, тоа не се однесува само на физичките појави. Всушност, истата работа се случува и во нашиот секојдневен живот. Кога нешто мислиме, кажуваме или вршиме некоја акција, донесуваме во таа акција сила која ни одговара на истиот начин. Токму поради тоа, со вас споделуваме 11 животни закони кои ќе ви помогнат да станете посреќни и да стекнете поголема самодоверба.

Реклама

rn

1. Законот за причина и последица

rnБез разлика што создаваме во оваа вселена, секогаш ќе ни се врати нам. Значи, ако сакаме да имаме љубов, вистинско пријателство и среќа, тогаш пред сè треба да ги сакаме нашите најблиски, да бидеме добар пријател и да настојуваме да ги усреќиме другите.rn

2. Законот за создавање

rnКлучот за создавање среќен внатрешен живот е тој да биде независен од надворешниот свет. За да го постигнете ова, треба да бидете свои, односно да се опкружите со луѓето и работите кои ги сакате и кои сакате да ги видите во вашиот живот.rn

3. Законот за препуштање

rnНе можеме да ја промениме ситуацијата, сè додека не ја прифатиме. А, доколку сè што гледаме во некого или нешто е непријателство, тоа значи дека сè уште не сме насочени кон прифаќање на повозвишен начин на живот.rn

4. Законот за растење

rnГлавната задача за нас во овој свет е да се менуваме и да растеме како поединци, а не да се фокусираме на мнозинството луѓе кои ги среќаваме или да се растажуваме за местото на кое живееме и технологијата која ја користиме. Животот и времето кое ни е дадено е сè што имаме.rn

5. Законот за одговорност

rnЖивотот е како огледало. Кога нешто ќе тргне по зло, нешто не е во ред однатре со нас. Затоа треба да ја прифатиме одговорноста и да не ги обвинуваме другите.rn

6. Законот за поврзаност

rnДури и кога мислиме дека нема последица тоа што го правиме, треба да знаеме дека сè на светот е поврзано. Првиот чекор не може да биде поважен од последниот, како ниту обратно, бидејќи и двата се клучни за извршување на задачата.rn

7. Законот за концентрација

rnНе можеме да размислуваме за повеќе работи истовремено. Доколку се занимаваме со нешто важно, во нас ќе нема место за лутење и завист.

rn

8. Законот за прифаќање

rnНие вистински го разбираме и го прифаќаме само она практичното. Доколку веруваме дека нешто е вистинско, но не сме спремни да го докажеме истото, тогаш значи дека имаме само мислење, а не и знаење.rn

9. Законот за сегашен момент

rnКопањето по минатото и наметнувањето на соништа за иднината може да нè одвлече од она што се случува во сегашноста. Старите шеми на однесување, како и старите соништа може да застанат на патот за нешто ново.rn

10. Законот за промена

rnМинатото ќе се повторува сè додека не извлечеме поука од него која може да го промени нашиот пат. Личноста не може да ги повторува истите работи и да очекува поразлични резултати.rn

11. Законот за трпение и награда

rnСекоја награда бара многу труд и вистинската радост во животот доаѓа од упорноста и знаењето дека пред или подоцна ќе се остварат наште цели.rn

12. Законот за значење и инспирација

rnГо примаме само она што сме го заслужиле. Вистинската вредност на нешто е еднаквата енергија и сила кои сме ги потрошиле обидувајќи се да го добиеме тоа. Но, само оној кој сака да дава на другите може да прими нешто инспиративно.

Популарно

Може ќе ве интересира