Како да знаете кога е вистинското време за да ги изговорите магичните зборови „Те сакам“?

Како да знаете кога е вистинското време за да ги изговорите магичните зборови „Те сакам“?

Мали зборови со големо значење. Тешко е да се каже „Те сакам“. Реченицата воопшто не е комплицирана, напротив, се работи за само неколку слогови! Па, зошто тогаш паничиме толку пред да ја изговориме? Паничиме бидејќи со самото изговарање на тие зборови, ние отвораме можност да бидеме повредени. Тогаш се чувствуваме ранливи, а неизвесноста од повратната реакција ни предизвикува стрес и нервоза. Не можеме да ја отстраниме анксиозноста што оди рака под рака со изјавувањето љубов, но можеме да си ја олесниме целата ситуација. Ќе го направиме тоа на тој начин што ќе процениме кога е вистинскиот момент за да ги кажеме тие два магични збора. Во продолжение дознајте како да откриете кога е вистинското време за да кажете некому „Те сакам“…

Како да знаете кога е вистинското време за да изговорите магичните зборови „Те сакам“?

Вашата врска е официјална

Доколку сте се гледале со некого цел месец и сметате дека тој не се состанува со други луѓе, а навистина сакате вашата врска да стане официјална, немојте туку-така да изјавите љубов. Можеби навистина сте вљубени и таа љубов ви е возвратена, но бидете внимателни! Доколку изјавите љубов пред да ја одредите природата на вашата врска, тогаш вашиот романтичен гест може да го стави партнерот под огромен притисок. Почекајте со сигурност да дефинирате дали сте во сериозна врска пред да ги изговорите волшебните зборови. Најпрво разговарајте за да видите на што сте и дали сте на иста бранова должина. Откако ќе одлучите дали сте во сериозна врска, партнерот ќе може да го чуе вашето „Те сакам“ без да се загрижи дека изјавувате љубов само за да го измамите и да го натерате да се врзе за вас пред да биде подготвен за тоа.

Партнерот ви изјавил љубов и вас тоа не ве исплашило

Кога некој ќе признае дека ве сака, нормално е да постојат неколку различни реакции. Првата е многу непријатна, а тоа е да почнете да паничите. Можеби навистина уживате во друштвото на таа личност и можете да замислите како се вљубувате во неа еден ден, но тој ден не е денес. Доколку се почувствувате вака кога некој ќе ви изјави љубов, не велете и вие „И јас тебе те сакам“ само затоа што не сакате да повредите нечии чувства. Гестот е многу романтичен во моментот, но доколку изјавувате љубов за да бидете добри, всушност испаѓате многу лоши. Но, ако некој ви каже „Те сакам“ и вие се почувствувате како да сте на седмо небо, тогаш сосема во ред е и вие да ги изговорите магичните зборови.

Како да знаете кога е вистинското време за да изговорите магичните зборови „Те сакам“?

Кога мислите дека ако не изјавите љубов, ќе пукнете

Заедно сте веќе некое време. Вашата врска е официјална, цело време преспивате еден кај друг, се почитувате и си покажувате внимание. Одлично си поминувате кога ќе излезете заедно, но прекрасно ви е и кога ќе останете дома да гледате филмови. Можете да разговарате на секоја тема и секогаш се смеете до солзи. И двајцата се сакате, само што не сте си го кажале тоа сѐ уште. Што ве спречува? Доколку чувствувате дека ако не кажете „Те сакам“ во брзо време, ќе пукнете, тогаш треба да го направите тоа. Кажете ги магичните зборови гласно и јасно!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар