Австралиското момче по име Кемпбел Ремес не е обично дете како неговите врсници. На 9-годишна возраст, тој одлучил да биде личност која ќе преземе активна улога во подобрување на животот на другите.rnrn
rnrnСѐ започнало кога тој ги прашал неговите родители дали може тие да им купат подароци за Божиќ на децата од болницата, но му било кажано дека тоа чини премногу. Наместо да се откаже од идејата, Ремес одбрал сам да ги направи подароците.rn
„Решив да правам еден подарок на ден, односно 365 за цела година и сите да ги подарам“, се сеќава тој, именувајќи го овој импресивен потфат како „Проект 365“.
rnОва се случило пред повеќе од три години и сега, 12-годишниот Ремес сѐ уште цврсто стои на своето ветување. Опремен со машина за шиење и вештачко крзно, тој има создадено преку 800 животни, произведувајќи преку 450 во 2016 година!rnrn
rnrnСекое мече е меко, со големи слатки очи и со свое име. Откако се завршени, меките суштества го наоѓаат својот дом во рацете на луѓето кои може да го користат како свое ново другарче. Ремес прима нарачки, а понекогаш ги продава своите креации на eBay, за добротворни цели. Тој исто така прима и донации за ткаенина и идеи преку неговиот веб-сајт. Погледнете го видеото и запознајте се со животот на ова прекрасно момче, а под него можете да видите дел од неговите креации како и насмевките на оние што ги добиле како подарок.rnrnrnrn









