Не игнорирајте ги: 10 знаци дека сте уморни од сѐ

Не игнорирајте ги: 10 знаци дека сте уморни од сѐ

Состојбата на хроничен стрес доведува до физички и емоционален умор, отуѓување од другите како и чувство на неефикасност и неможност за остварување на целите. Оние кои го почувствувале ова на своја кожа ќе се сложат со тоа дека е прилично лошо чувство, но модерното време не ни нуди многу други избори. Очигледните симптоми вклучуваат хроничен замор, губење на мотивацијата, негативност или нервоза. Сепак, постојат и одредени мали, скриени знаци, кои всушност може да ви кажуваат дека сте уморни од сите случувања. Еве на што би требало да обрнете внимание.

Не игнорирајте ги: 10 знаци дека сте уморни од сѐ

1. Размислувате околу тоа да оставите сѐ и да побегнете некаде далеку. Уморни сте од сето она што ве опкружува во вашето секојдневие и очајно барате излез од ваквата ситуација. Сакате да заминете што подалеку и да ги оставите зад себе сите работи кои ви влијаат негативно.

2. Почнувате да заборавате работи. Вашиот ум е исцрпен и не можете да останете фокусирани на нешто подолго време, па почнувате да заборавате некои работи кои сепак имаат одредено значење за вас.

3. Никогаш порано се немавте толку радувано на петок, празници или слободен ден. Едвај чекате да дојде неработен ден за да можете да ги оттргнете своите мисли и едноставно само да се одморате во вашата удобна позиција.

4. Почнувате да правите грешки кои не би ги направиле во нормални околности. Доколку забележите дека некои грешки не се својствени за вас, тоа е уште еден знак дека сте премногу уморни. Некои работи едноставно не можете да ги држите под контрола.

5. Вашите колеги почнале да внимаваат како ви се обраќаат, а и нивниот однос кон вас е променет. Треба да обрнете внимание и да ги препознаете негативните вибрации кои тие ви ги испраќаат, а за тоа не сте ни свесни.

Не игнорирајте ги: 10 знаци дека сте уморни од сѐ

6. Постојано имате лошо чувство во стомакот и не можете да се ослободите од тоа. Покрај умот, уморот го чувствува и вашето тело. Доколку постојано чувствувате непријатности во стомакот, тоа е дополнителен знак дека треба нешто да промените.

7. Во слободно време не сакате да зборувате за вашата работа, иако порано сте го правеле тоа со блиските личности. Едноставно не сакате да ви се спомене ништо што е поврзано со вашето работно место, кога сте надвор од него. Не сакате да зборувате за какви било случувања, затоа што сето тоа не ви создава пријатно чувство.

8. Своето слободно време не го планирате со другите, туку сами. Секој слободен момент сакате да го искористите во самотија, затоа што немате ниту желба ниту мотивација да се видите со која било друга личност. Сметате дека сето тоа само дополнително ќе ви ја одземе енергијата.

9. Престанавте да водите сметка за своето здравје. Сите навики кои претходно ги сметавте за здрави и настојувавте да ги практикувате, сега се дел од вашето минато. Повторно почнувате да се храните нездраво, да пушите повеќе од кога било, а сѐ почесто ги заборавате вежбите и физичката активност.

10. Имате луди соништа, честопати се будите во средина на ноќта и ви е познат секој детаљ од тој сон. Ова е една од главните одлики дека сте изложени на голем стрес. Затоа, преземете нешто и променете го начинот на својот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар