Мајки на своите ќерки им откриваат големи тајни за здравјето и убавината

Мајки на своите ќерки им откриваат големи тајни за здравјето и убавината

Младешкиот изглед е нешто кон што сите се стремат, без разлика дали би признале или не. Невозможно е да го запрете времето, но стареењето може да го забавите со својот начин на живот. Овие четири жени откриваат што значи тоа за нив.

Овие мајки им откриваат големи тајни на своите ќерки

Тие одговараат на следниве прашања:

  • Како ве учела вашата мајка да го задржите младешкиот изглед?
  • Што ќе ѝ препорачате на вашата ќерка?
  • Кои се вашите совети за исхраната и убавината, за да се чувствувате добро и да изгледате добро додека стареете?
  • Што правите за да се ослободите од стресот?

Погледнете ги нивните одговори.

Катарина, 45 години, вели:

„Мајка ми вели да не се обидувам премногу. Подобро е да изгледам недоволно добро облечено, отколку тоа да е претерано. На својата ќерка би ѝ препорачала да не пуши, секогаш да ја отстранува шминката пред спиење и секоја недела да прави пилинг на кожата. Вам би ви препорачала да пиете многу вода, и да не заборавате во текот на денот да ја заштитите кожата и навечер да ја хидрирате и да вложите во квалитетно масло за лице. Јас лично практикувам да живеам во сегашноста и да медитирам секогаш кога можам.“

Весна, 41 година, на истите прашања одговорила:

„Никогаш не заборавај да го хидрираш својот врат, исто како и лицето. Секогаш можеш да добиеш повеќе отколку што мислиш. Ако се чувствуваш добро, тогаш сигурно и изгледаш добро. Клучот е во самодовербата. Свежиот воздух исто така е важен. Јас го водам своето куче на долги прошетки по плажата. Најдобар лек!“

Елена, 44 години, од својата мајка добила важен совет:

„Млада си колку што се чувствуваш дека си млада и ниту ден постара. На ќерка ми ѝ препорачувам дека добрата фризура вреди исто колку и целата шминка на светот. Не заборавај на косата! Не грицкај помеѓу оброците! Најди време за вистински да уживаш во храната додека јадеш, а друштвото со кое јадеш е подеднакво важно како и она што го консумираш. Времето за ручек би требало да биде време за дружење. Секогаш кога сум под стрес мислам на тоа колку сум среќна. Моето здравје, моето семејство – неверојатно сум среќна и за тоа би требало почесто да сум свесна.“

Јасна, 44 години, ја послушала својата мајка кога ѝ рекла:

„Ниту целата шминка на светот не може да го сокрие уморното лице, затоа, не заборавај да се наспиеш. Стареењето е состојба на умот, но не заборавај да уживаш во младоста. Остани активна, дури и ако станува збор само за прошетка. Ништо не ја освежува толку кожата како вежбањето, а твојот ум ќе стане појасен после одреден период поминат на воздух. Правам топла бања, свеќи, масло за капење, сѐ… И задолжително ја заклучувам вратата!“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар