Теоретски гледано, сите искуства ве прават посилна и подобра личност. Да бидете оптимисти, да ја преземете контролата на животот во свои раце и да не се сожалувате самите, се само некои од карактеристиките кои треба да ги развивате. Дали мислите дека имате која било од нив? Погледнете кои се одликите на ментално силните личности според Ејми Морин, психотерапевт и експерт за ментална сила.rnrn
rn
1. Знаат да ги балансираат емоциите и логиката
rnТоа значи да можете јасно да видите кога треба да преовладуваат емоциите, а кога логиката во процесот на донесување одлуки. Доколку сте ментално силни, ќе знаете да ги балансирате овие работи.rn
2. Продуктивно го трошат своето време
rnНекој може да има илјада изговори за да не ја заврши работата. Но, ментално силните личности се фокусираат на она што навистина го сакаат и избегнуваат да го трошат нивното време на непродуктивни активности.rn
3. Веруваат на својата способност за прилагодување на промените
rnЖивотот постојано се менува и понекогаш е тешко да се прилагодите на новите околности. Повеќето ќе се обидат да им се спротивстават на промените, но ментално силните личности се фокусираат на справување со реалноста.rn
4. Се соочуваат со стравот
rnПовеќето луѓе се обидуваат да ги избегнат стравовите, а некои пак се обидуваат да се соочат со нив само за да изгледаат добро пред другите. Но, ментално силните личности немаат потреба ништо да докажуваат. Тие се соочуваат со стравовите и настојуваат да ги надминат со цел да станат подобра личност.rn
5. Учат од нивните грешки
rnМентално силните личности не се обидуваат да ги оправдаат своите постапки или да ги сокријат грешките од другите. Тие учат од нив, а се надеваат дека ќе биде подобро.rnrn
rn
6. Наоѓаат баланс помеѓу тоа кои се навистина и кои сакаат да бидат
rnОвие личности се прифаќаат онакви какви што се во моментот, но никогаш не престануваат да бараат начини како да станат подобра личност.rn
7. Го слават успехот на другите луѓе
rnДа се биде ментално силен значи да се знае како да се соработува. Овие личности никогаш не им се љубоморни на другите. Напротив, тие знаат како да ги прослават туѓите успеси и среќа.rn
8. Живеат и донесуваат одлуки во зависност од нивната вредност
rnОвие личности настојуваат да ги разберат своите приоритети, при што никогаш нема да имаат проблеми со донесувањето одлуки.rn
9. Настојуваат да ги подобрат своите вештини, наместо да ги покажуваат пред другите
rnОпшто земено, луѓето имаат тенденција да бараат одобрување од другите. Но, ментално силните личности се фокусираат на подобрување на своите вештини, без да бараат признавање од останатите.rn
10. Тие живеат автентичен живот
rnМентално силните луѓе се искрени со себе. Нивните акции никогаш не им противречат на нивните зборови.rnrn
rn
11. Тие се вреднуваат себеси по она што се, а не по она што го имаат достигнато
rnЗа овие личности не е важно дали победиле или изгубиле. Тие се фокусираат на она што се, а не на она што го имаат.rn
12. Знаат дека успехот е вреден за чекање
rnМентално силните луѓе знаат да ги чекаат своите награди, затоа што се свесни дека на овошјето му е потребно време за да созрее. Плус тоа, нетрпеливоста не е добра особина, зашто прави некоја личност да изгледа слаба.rn
13. Тие се одговорни за своите постапки
rnМенталната сила не значи дека овие личности нема да направат грешки. Но, најважно од сѐ е што тие ќе научат нешто од нив и ќе продолжат понатаму.rn
14. На потешкотиите гледаат како на можности
rnМентално силните личности на секоја пречка и секој проблем гледаат како на уште една можност за да се подобрат. Иако повеќето се иритираат од потешкотиите, овие луѓе ги прифаќаат предизвиците.rn
15. Благодарни се
rnНаместо да бараат уште, ментално силните личности веруваат дека имаат повеќе отколку што им треба и за тоа знаат да бидат благодарни.rnrn
rn
16. Се фокусираат на она што го знаат и што го прават најдобро
rnОвие личности се ефективни и успешни затоа што посветуваат внимание на оние работи кои знаат да ги извршуваат најдобро, при што го извлекуваат максимумот од ситуацијата.rn
17. Се издигнуваат повторно откако ќе паднат
rnЗа ментално силните личности неуспехот не значи дека е крај на патот, туку на тоа гледаат како на само уште еден нов почеток. Веруваат дека патот кој го избрале најверојатно ќе ги одведе до посакуваниот успех.rn
18. Тие се реални оптимисти
rnКога се соочуваат со пречки, овие личности се оптимисти, но истовремено стојат цврсто на земја, бидејќи се реални во врска со целокупните случувања.rn
19. Посветуваат внимание на нивните слабости
rnПовеќето имаат тенденција да ги сокриваат своите слабости, но ментално силните личности не се плашат да се соочат со нив и да посветат внимание за нивно подобрување.rn
20. Подготвени се да ги решат проблемите
rnМожете да се жалите за своите проблеми и да правите големи работи од малите нешта, или пак да почнете да ги решавате проблемите, како што тоа го прават ментално силните личности.rnrn
rn
21. Секогаш се подготвени да учат
rnНовиот ден, новата личност или новото искуство е уште еден начин да се научи нешто. Без разлика што им понудува животот, ментално силните личности секогаш се желни да научат нешто.