Сапиосексуалците се луѓе што ги привлекува интелигенцијата. Тука не се мисли на училиштен успех или оценки на факултет. Постојат повеќе видови интелигенција како што се лингвистичка, математичка, емоционална и слично. Станува збор за луѓе кои ги привлекуваат личности свесни за тоа кои се и што сакаат. Ова се 8-те причини зошто сапиосексуалците се најдобрите љубовни партнери…rnrn
rn
1. Интимното искуство за нив не е само на сексуално ниво
rnСамиот збор „интимно“ значи нешто што доаѓа однатре. За да бидете со сапиосексуалец мора да бидете ранливи, искрени и отворени, а нема поцврста основа за градење на љубовната врска од тоа. Не плашете се да ја покажете вашата емотивна страна и никако немојте да играте топло-ладно.rn
2. Љубовната врска ќе го зацврсти вашиот идентитет, а не обратно
rnЌе дознаете многу работи за себе, бидејќи постојано ќе го истражувате вашиот ум. Во многу врски партнерите го губат сопствениот идентитет. Но, тоа нема да се случи во врска со сапиосексуалец, бидејќи тие ќе ве ценат и прифатат такви какви што сте, со сите ваши мислења и верувања.rn
3. Ќе ве инспирираат да бидете подобри
rnНе се мисли подобри по општествени стандарди во смисла на побогати или поубави, туку подобри во смисла на попаметни. Ќе станете посвесни за вашето постоење. Ќе станете поинтересни и позаинтересирани. Психолошкиот развој зависи од вниманието и љубовта што ги добиваме и даваме, па така, потсвесно ќе се обидуваме да ги усовршиме тие процеси што е можно повеќе.rn
4. Ќе ги одбегнете непотребните драми
rnВоопшто нема да обрнувате вниманите на ситните безначајни и бесмислени пречки во врската. Најважно од сѐ е што ќе можете да разговарате за она што ви пречи пред тоа да прерасне во огромен проблем што може да доведе до крај на врската.rnrn
rn
5. Ќе научите што значи поимот коегзистенција
rnСо оглед на тоа што ниту едно ваше верување, чувство или мислење нема да биде занемарено, ќе научите што значи да се заземе став и да се остане доследен на себеси, додека истовремено заемно си споделувате љубов и почит и совршено се разбирате меѓусебно.rn
6. Ќе се поврзете преку вашите омилени книги, најдлабоки верувања и искрени разговори
rnНема да се зближите затоа што и двајцата сакате пиво или имате исти заеднички пријатели. Наместо тоа, ќе се запознавате преку омилените цитати од вашите омилени книги и уметници што никој друг не ги знае освен вас.rn
7. Ќе учите и ќе се подучувате еден со друг
rnЌе бидете изложени на идеи, филозофии, книжевни дела и уметност каква што никогаш дотогаш не сте сретнале или не сте знаеле да ја цените. Нема да си подарувате само време и внимание, туку и цели нови светови.rn
8. Ќе бидете сакани поради она што сте, а не поради маската што ја носите
rnСите тврдат дека го сакаат ова, но ретко кој навистина се отвора кон ваква љубов. Сапиосексуалците многу добро разбираат дека физичката убавина е минлива. Тие ќе можат да погледнат под површината и да ве засакаат токму поради тоа што го криете внатре – вашето вистинско „јас“.