Се плашите од кловнови? Дознајте од каде потекнува вашиот страв

Се плашите од кловнови? Дознајте од каде потекнува вашиот страв

Кловновите од една страна се смешни и забавни, но од друга страна, пак, навистина се страшни и создаваат чувство на непријатност. Фобијата од кловнови се нарекува коулрофобија и постојат многу хорор филмови во кои главните негативни ликови се токму кловновите. Но, зошто тие предизвикуваат толкав страв кај некои луѓе? Ова се 3-те главни причини кои објаснуваат зошто кловновите се толку страшни…

Се плашите од кловнови? Дознајте од каде потекнува вашиот страв

1. Страв од непознатото

Експертите веруваат дека стравот од кловнови се јавува како последица од незнаењето кој всушност се крие зад дебелите слоеви шминка. Овој страв може да предизвика чувство на паника, потешкотии при дишењето, неправилно срцебиење, потење и мачнина. Фобијата е почеста кај децата, но може да се јави и кај возрасни луѓе. Таа се лекува со помош на когнитивна бихејвиорална терапија.

2. Костимите на кловновите претерано ги истакнуваат цртите на лицето и деловите на телото

Носот, рацете и нозете на кловновите изгледаат поголеми од нормалното поради нивниот костим и шминка. Тоа може да се доживее како некој чудовиштен деформитет, но и како нешто комично. Изразените неправилности на лицето на кловнот можат да го изменат неговиот лик до тој степен што почнува да делува вознемирувачки и непријатно.

Современиот страв од кловнови настанал во 80-тите години благодарение на Стивен Кинг и неговиот роман „Тоа“ (It), подоцна пренесен и на филмското платно. Се смета дека ликот на злобниот кловн по име Пенивајз е инспириран од Џон Вејн Гејси, вистински сериски убиец познат како Кловнот убиец (Killer Clown) кој во 70-тите години сеел страв во Америка. Прекарот го добил поради тоа што жртвите ги барал на хуманитарни настани, паради и детски забави облечен во костимот на кловнот Пог, лик кој самиот го измислил.

Се плашите од кловнови? Дознајте од каде потекнува вашиот страв

3. Зад хуморот на кловновите се крие вознемирувачка вистина

Комичните кловнови, познати како палјачовци или дворски шутови, биле вообичаена форма на забава во средновековниот период. Иако биле смешни, под површината на нивниот хумор се криела вознемирувачка вистина. Имено, историчарите објаснуваат дека овие шегобијци ги потсетувале луѓето на нивната смртност, животински инстинкт и на тоа колку неразумни, глупави и себични знаат да бидат. Таквото размислување продолжило и во 16-ти век кога Шекспировите дворски шутови честопати биле поврзани со смрт и мрачни вистини.

Добар пример за тоа е дворскиот шут на кралот Лир кој постојано ги потсетувал луѓето дека не се толку паметни колку што мислат и притоа кажувал двосмислени реченици за да ги збуни другите и да го ублажи нивното доживување на реалноста и вистината.

Кловновите отсекогаш се поврзувале со опасност и страв бидејќи ја поместуваат логиката од границите на нормалата. Тие ја доведуваат до прашање човечката способност за мислење и разбирање, а сето тоа го прават преку шеги и исмејување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар