Мачките подучуваат: Како да ја покажете вашата љубов кон партнерот?
Луѓето кои чуваат мачка знаат дека нивната љубов е посебна. Честопати се вели дека мачките се непредвидливи и никогаш не можете да знаете што да очекувате од нив, но зар не сме и ние луѓето непредвидливи кога станува збор за љубовта? Ретко кој може да им одолее на мачињата, меѓутоа тие се многу повеќе од слатки животинчиња. Тие навистина се разбираат во љубовта! Еве кои 10 работи би можеле да ги научат луѓето од мачките околу тоа како да ја покажат љубовта кон партнерот…
1. Мора да се грижите еден за друг
Тоа е првото и основно правило.
2. Мора да му дозволите на партнерот да се грижи за вас
Полесно е да се каже отколку да се направи, но мора да знаете дека љубовта е како двонасочна улица.
3. Караниците се нормална работа
Нема од што да се срамите. Се случува и тоа е сосема нормално.
4. Но, мора да ги решите, пребродите и да продолжите понатаму без да држите лутина
А најдобар начин да го направите тоа е со помош на една голема, топла прегратка.
5. Треба да уживате заедно и кога не правите ништо посебно
Забавувајте се правејќи различни работи, но уживајте во вашето друшто и кога само се излежувате и не правите ништо.
6. Треба да научите да ги разбирате невербалните знаци што ви ги праќа партнерот
Не треба да ја занемарувате и невербалната комуникација. Обрнувајте повеќе внимание на неа и почитувајте ја.
7. Делата зборуваат погласно од зборовите
Луѓето кои чуваат мачка знаат дека кога нивното маче ги тегне шепите на нив, тоа е најголемиот знак на љубов. Измасирајте го партнерот, измијте ги садовите, направете што било друго. Кога зборовите не се доволни, делата говорат сами за себе.
8. Понекогаш на вашиот партнер му треба простор
Можеби се сакате најмногу на светот, но во ред е да поминувате и некое време сами. Треба да се грижите и за себеси.
9. Вреди да се искачите преку некои ѕидови
Луѓето поставуваат ѕидови со причина, но доколку сте заедно подолго време, обидете се да се искачите преку нив. Трудот нема да ви биде залуден.
10. Не плашете се да експериментирате
Сфатете го ова како сакате и како ви одговара.