4 начини да слабеете додека спиете
Мислите дека не постои начин да слабеете додека спиете? Не сте сосема во право. Сите знаеме дека доволното спиење е од особена важност за целокупното здравје, а недоволниот или неквалитетниот сон може да биде причинител за прекумерната телесна тежина. Иако можеби мислевте дека подолгото спиење е луксуз кој не можете често да си го дозволите, погледнете ги овие четири начини кои ќе ве премислат, покажувајќи ви дека можете да слабеете и додека спиете.
1. Пијте протеински шејк
Вашиот метаболизам игра важна улога во губењето на тежината, а тоа е процес кој исто така се гледа и за време на спиењето. Исадора Баум, тренер за здравје, открива дека пиењето шејк пред спиење кој е богат со протеини и содржи околу 150 калории, го забрзува метаболизмот и ги обновува мускулите додека спиете.
2. Разладувајте ја просторијата
Дали сте слушнале дека спиењето во постудена соба носи многу придобивки? Покрај фактот дека најверојатно така е поудобно, одржувањето пониска температура исто така може да ви помогне при губењето на вишокот килограми. Со температура од 18 до 22 степени Целзиусови, а идеални 20, ќе го задржите телото на оптималната температура за губење на тежината и мирен сон.
3. Пијте алкална вода
Ако сакате да се ослободите од мастите додека спиете, пред да си легнете напијте се алкална вода. На овој начин ќе му помогнете на телото да ги намали киселините и да ја спречи дехидрацијата. Бидејќи мастите се екстремно кисели, пиењето алкална вода ќе ви помогне да слабеете додека спиете. Исто така, за време на спиењето вие се потите, па многу е важно да останете хидрирани во текот на ноќта.
4. Помирисајте нане
Нането се смета за доста корисно кога е во прашање губењето на тежината, затоа што го спречува гладот. Затоа, обидете се да запалите свеќа со мирис на нане или пак да помирисате етерично масло, па вашиот метаболизам може да ви се промени за време на спиењето.