За да се чувствувате пријатно и да уживате во својот дом, потрудете се да го уредите во нијанси кои одговараат на сечие око. Веб-сајтот „Zillow Digs“, што е специјализиран за уредување на ентериер, продажба и изнајмување куќи и станови, открива кои бои во домот најмногу ги одбиваат потенцијалните купувачи, односно поради кои бои цената значително опаѓа. Доколку сакате да имате попријатна атмосфера, еве што треба да ги избегнувате…rnrn
rn
1. Нечисто бела боја
rnРечиси на секоја куќа или стан во која кујната е обоена во нечисто бела боја, цената им опаѓала.rn
2. Боја како лушпа од јајце
rnИако оваа боја, исто како и нечисто белата, ви изгледа сигурно, малите простори, како што е тесната кујна, може да изгледаат монотони.rn
3. Мешавина од маслинесто-зелена и кафеава боја
rnКомбинацијата од овие две бои се опишува како најгрда нијанса на светот, па не е ни чудно што е на листата на најмалку посакувани бои за во домот. На купувачите особено им е одбивна доколку е во спалната соба, како и во бањата.rn
4. Кафеаво-црвена боја
rnНа домовите каде што дневната соба е обоена во кафеаво-црвена нијанса уште повеќе им паѓа цената, отколку онаму каде што дневната соба е обоена во најгрдата боја на светот, односно во маслинесто-зелена.rn
5. Одредени нијанси на сива боја
rnНекои нијанси на сива боја купувачите ги обожаваат, а некои пак воопшто и не ги сакаат. Темно сивите нијанси се најмалку привлечни, додека пак светло сивите се покажале како најпривлечни.