Ретка супер месечина во знакот на Овен: Подгответе се за големи промени

Ретка супер месечина во знакот на Овен: Подгответе се за големи промени

Оваа вечер на небото ќе се појави ретка полна супер месечина, најавувајќи космички промени во енергијата што ќе влијаат на сите луѓе на планетата. Можете да ги искористите овие промени за да внесете нешто позитивно во својот живот. Но најпрво, еве што претставува оваа супер месечина од гледна точна на науката.

Ретка супер месечина во знакот на Овен: Подгответе се за големи промени

Всушност, супер месечината се појавува кога орбитата на месечината е најблиску до земјата, а тоа може да се случи кога таа е нова (млада) или кога е полна. Денес месечината ја достигнува својата најблиска пристапна точка до Земјата, па затоа и ќе изгледа многу поголема од вообичаено. Според НАСА, кога месечината е толку блиску до земјата, нам ќе ни изгледа поголема и посветла, односно, за 14% поголема и за 30% посветла.

Астролошки гледано, супер месечината ќе се појави кога е во знакот на Овен. Тоа носи многу активна енергија и ентузијазам. Сите огнени и авантуристички вибрации поврзани со Овенот ќе бидат во прв план, а тоа создава дополнителен извор на енергија. Ако го искористите ова, во вашиот живот може да дојде до големи промени. Погледнете ги основните и најдобрите работи кои полната месечина во знакот Овен има да ви ги понуди.

Ретка супер месечина во знакот на Овен: Подгответе се за големи промени

Ова е совршено време за дејствување

Со месечината во знакот Овен, физичките и агресивни особини на тој знак ќе бидат многу важни за извршување на различни работи. Морате да завршите некој проект или нешто што долго време сте го одложувале? Направете го тоа, затоа што токму сега имате доволно енергија!

Ослободете се од непријатните луѓе

Неопходно е повторно да ги разгледате и оцените односите кои ве повредуваат. Ако откриете дека некој не вреди за вашето време, труд и стрес, тогаш треба да се оддалечите. Не дозволувајте луѓето да ве газат и бидете личност која дава добар пример, наместо да ги следите лошите. Бидете лидер!

Бидете внимателни и свесни за вашето его

Не дозволувајте да ве обземе вашето чувство на важност. Овенот може да биде многу самосвесен и од суштинско значење е да не потпадне под влијание на егото. Наместо тоа, држете ги нозете цврсто на земјата и сѐ ќе биде во ред.

Значи, промената во енергијата која ја прати супер месечината ќе биде особено позитивна. Ако ѝ се препуштите и се поврзете со неа, може да ви се случат прекрасни нешта во вашиот живот. Па, бидете подготвени и посакајте им добредојде!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар