Никому не ги откривајте вашите цели доколку сакате да бидете среќни
Сте забележале ли дека не знаеме многу за животот на богатите и успешни луѓе? Немаме поим дали имаат приватен авион, вила на тропски остров и постојано ги гледаме облечени во иста облека. Можеби ќе си помислите дека тие го кријат нивното богатство за да не им паѓаат во очи на криминалците, но всушност станува збор за нешто друго.
Моќните луѓе велат дека вистинскиот успех не се покажува со фалење. На тој начин само ќе се привлече зависта на другите луѓе што може до доведе до уништување на долготрајни пријателства и врски. Доколку сакате да ја одбегнете туѓата завист, сакајте ја тишината. Никој не мора да знае за вашиот живот, соништа, постигнувања, начинот на кој сте станале успешни… Никој не мора да знае за вашите неуспеси. Никому не должите објаснувања.
„Само успехот на луѓето кои го создавале нивното ремек-дело во тишина заслужува вистински восхит.“
Тоа не важи само за вашите достигнувања и успеси туку и за вашите цели. Доколку гласно ги кажете вашите планови и желби, ќе ви биде многу тешко да ги реализирате. Вашите соништа повеќе нема да ви бидат толку привлечни, бидејќи веќе сте им ги соопштиле на луѓето, и веќе сте ги воодушевиле вашите пријатели. Ќе изгубите мотивација да продолжите да работите на нивното остварување.
Запаметете дека:
- Не треба да ја покажувате вашата среќа на Фејсбук за да бидете среќни.
- Не треба да покажете дека сте депресивни за да ги поправите работите.
- Не треба на сите да им ги кажете вашите соништа и цели за да ги постигнете.
- Не ви треба одобрување од вашите пријатели за да почнете да одите напред.
- Не треба да го покажувате вашиот живот на Инстаграм за да докажете дека вредите.
- Не морате да го објаснувате и докажувате вашиот успех.
- Ви треба повеќе тишина.
Доколку ги следите овие неколку правила ќе видите дека ќе станете многу посреќни, понезависни и посмирени. И најважно од сѐ: Ќе ги остварите сите ваши цели и соништа.