Во Дубаи започнува изградбата на највисоката зграда во светот – идејата ќе ве остави без зборови!
Што прави државата со најголемите згради во светот? Гради уште поголеми! Во Дубаи неодамна започна изградбата на нова зграда што ќе биде завршена во 2020 година и ќе биде новата најголема зграда во светот. Сè уште не се знае точно до која висина ќе достигнува, но без сомнение ќе биде поголема од 828 метри, колку што е висината на Бурџ Калифа.
Изградбата ќе чини околу 1 милијарда долари, а архитектот зад овој проект е Сантијаго Калатрава Валс. Кога објектот ќе биде завршен, кулата ќе има платформа за набљудување од 360 степени што ќе овозможи неверојатен панорамски поглед кон градот. Погледнете ги следниве неверојатни фотографии, како и видеото и подгответе се да останете целосно без зборови!