Девојки, избегнувајте ги овие навики што ја оштетуваат вашата коса
Повеќето жени се исплашени од помислата дека ќе почнат да ја губат својата коса, но многумина од нив секојдневно прават работи кои водат токму кон тоа. Тие сакаат да си играат со косата и да експериментираат со различни работи, што е во ред, но само доколку правилно ја негуваат. Сепак, кога ќе претераат, тоа може да доведе до сериозни последици. Според докторката Рагу Ред, голем број жени страдаат од губење на косата поради прекумерно стилизирање или надградување. Па, доколку сакате што подолго да ја сочувате, избегнувајте да ги практикувате овие работи.
1. Надградба
Со години наназад надградбата на косата е популарна кај познатите личности, па фановите ги следат нивните чекори. Проблемот е во тоа што таа коса може да биде многу тешка, па значително да ја ослаби и вашата. Вообичаено се става и лепило на коренот за прамените да може да се зацврстат, што значи дека хранливите материи не можат да се движат нормално и доаѓа до формирање ќелаво место каде што опаѓа косата.
2. Жешка вода
Туширањето со врела вода сигурно ве опушта после напорниот ден, но, тоа може да биде штетно за вашата коса. Врелата вода е стрес за косата, а ја отстранува и бојата на влакното, многу побрзо отколку што тоа го прави поладната вода.
3. Пеглање и виткање
Редовната употреба на пегла и различни уреди за виткање може да ја ослабат косата и да водат кон опаѓање. Можете да ги користите еднаш неделно, но не и повеќе, бидејќи во спротивно ќе се соочите со еден куп влакна низ вашата куќа, а косата ќе ви станува сѐ поретка. За почеток, заборавете на пеглата за исправување на косата, за да ја одморите косата, а потоа дозволете си максимум еднаш неделно да ја користите.
4. Фарбање
Ова сигурно ќе ги изненади повеќето жени, затоа што многумина имаат навика редовно да ја менуваат бојата на косата. Хемикалиите што ги содржи фарбата го менуваат природниот пигмент на косата и водат кон нејзино слабеење и опаѓање. Ова се однесува за сите трајни и полутрајни фарби.
5. Хлор
Секој кој барем еднаш користел бланш на својата коса знае дека хлорот го уништува влакното. Исто така и хлорот во базенот може да биде проблем. Ако пливањето ви е омилена рекреација, размислете за користење капа.