Скорпиите важат за најстрасниот знак во зодијакот. Тие се страсни кога се лутат, кога работат, но и кога љубат. Токму поради нивните силни емоции, љубовната врска со нив може да наликува на возење на луда железница. Нивната опсесивност и љубомора може да ви бидат одбивни, но од друга страна, пак, нивната безусловна љубов е бесценета. Моќта што ја поседуваат е за восхит и е исто толку привлечна колку и застрашувачка. Доколку ви се допаѓа некој роден во знакот Скорпија, пред да започнете љубовна врска, имајте ги на ум следниве негови позитивни и негативни страни…
rn
ПОЗИТИВНИ СТРАНИrn
rn
Тие се неверојатно страсни
rnТие навистина знаат како да ја покажат љубовта. Ќе гледаат да ја искористат секоја можна прилика за да ве гушнат и допрат. Не се изненадувајте доколку ненадејно ве нападнат со страсни бакнежи во јавност.rn
Сексот е неверојатен
rnСо нив сексот никогаш нема да ви биде здодевен. Тие знаат како да ја одржуваат страста помеѓу чаршавите и секогаш ќе ве изненадуваат со некоја нова техника или играчка. Бидете отворени кон нови искуства и прифаќајте ги нивните сексуални предизвици.rn
Секогаш ќе ве заштитуваат
rnСкорпиите се многу лојални и тие секогаш ќе бидат на ваша страна. Никогаш нема да дозволат некој да каже лош збор за вас во нивно присуство и ќе ве бранат до самиот крај.rn
Многу се одлучни
rnСкорпиите не играат игри бидејќи многу добро знаат што сакаат. Со нив секогаш ќе знаете на што сте: Доколку им се допаѓате, нема да ве остават на мира, но ако почнат да губат интерес, веднаш ќе го почувствувате тоа бидејќи тие не знаат да ги кријат нивните емоции.rn
Нивната љубов е 100% вистинска
rnПрипадниците на овој знак никогаш нема да ви бидат неверни, ниту, пак, ќе им залута погледот на друго место. Кога Скорпиите сакаат, тие се многу фокусирани на една единствена личност и во нивните мисли нема простор за никој друг. Толку се посветени што ќе ве остават без зборови.rn
Никогаш нема да ви биде здодевно
rnТаман ќе помислите дека сте ги запознале целосно, тие ќе ве изненадат со неочекуван пресврт. Со Скорпиите секогаш ќе ви биде интересно и возбудливо, бидејќи тие секогаш сакаат да пробуваат нови работи и се големи зависници од адреналин.rn
Ќе остварите неверојатна интимност
rnСкорпиите сакаат да се поврзат на сите можни нивоа со личностите кои им значат. Со нив ќе доживеете длабока интелектуална, емоционална и духовна поврзаност. Никогаш нема да можете да остварите толку силна конекција како онаа што ќе ја остварите со Скорпијата.
rn
НЕГАТИВНИ СТРАНИrn
rn
Караниците со нив се неподносливи
rnВерувајте дека не сакате да си имате работа со налутена Скорпија! Сепак, караниците се неизбежен дел од секоја врска, па така нормално дека ќе дојде и до таква ситуација. Скорпиите никогаш нема да ви попуштат и воопшто нема да ги одбираат зборовите, туку ќе гледаат да ве повредат на најбрутален можен начин.rn
Нема да ви дозволат да им помагате
rnКога сакате некого, нормално дека чувствувате потреба да се грижите за таа личност. Супер е да се има независен партнер, но Скорпиите навистина не дозволуваат никој да се грижи за нив. Поради тоа, можно е да се почувствувате несакано и непотребно.rn
Посесивни се
rnТие многу сериозно ја сфаќаат љубовта и интимноста. Во нивното срце нема место за никој друг, па така никогаш нема да дозволат вие да направите место во вашето. Тоа може да делува слатко понекогаш, но всушност се граничи со лудост.rn
Никогаш нема да можете да ги излажете
rnНе се ни обидувајте да излажете Скорпија. Ниту белите лаги не се прифатливи. Тоа е најлошото нешто што можете да го направите во љубовна врска со Скорпија. Без оглед на сѐ, најдобар избор е да ја кажете вистината, бидејќи тие веднаш ќе ве прочитаат и ќе ве натераат да зажалите за сѐ што сте направиле. Скорпиите се од оние луѓе кои поставуваат прашања на кои веќе ги знаат одговорите.rn
Параноични се
rnСкорпиите имаат проблем со стекнувањето доверба, така што воопшто не е чудно што се толку параноични. Понекогаш нивниот сомнеж е оправдан, но честопати не е. Доволно е само да се запознаете со момче или девојка кои се успешни имаат убава насмевка и Скорпиите веднаш ќе ја преземат улогата на детективи и ќе истражат сѐ за нив до најситни можни детали.rn
Тешко се отвораат
rnСо оглед на тоа што Скорпиите се многу независни, мистериозни и имаат проблеми со довербата, доколку сакате нешто да извлечете од нив, со среќа! Тие никогаш нема да ви откријат детали за нивното детство, нема да ви ги откријат нивните стравови и слабости. Ќе ви треба многу време и трпение за да дознаете најосновни работи за нив.rn
Можат да ве остават без око да им трепне
rnДоколку сфатат дека не ве сакаат повеќе, без разлика дали се работи за жестока караница, неверство или непочитување, ќе ве остават и нема да се вратат назад. Секогаш се ставаат себеси на прво место, така што нема да си ги жртвуваат сопствените нерви за некој друг. Ако на врската ѝ дојде крајот, безмилосно ќе заминат и не надевајте се дека ќе можете да останете пријатели. За нив ќе бидете само безначаен познајник со кого ќе разменуваат учтиво „Здраво“.

