Дознајте кои се сексуалните навики на среќните парови

Сподели

Сѐ што се случува во животот може да досади, па дури и она што носи најголемо задоволство како што е сексот. Добриот сексуален живот е една од главните состојки за секоја успешна љубовна врска. Меѓутоа, страста мора да се одржува бидејќи во спротивно ќе згасне и сексот ќе се претвори во монотона рутина. Во продолжение дознајте кои сексуални навики ги издвојуваат среќните и заљубени парови од останатите…

Реклама

rn

Тие веруваат во нивната сексуалност

rnОва е една од најважните сексуални навики на среќните парови. Експертите тврдат дека луѓето најмногу се возбудуваат од помислата дека партнерот ги посакува. Жените понекогаш можат погрешно да ја разберат машката желба, бидејќи претпоставуваат дека тие секогаш се расположени за секс, но тоа може лесно да се реши преку искрен разговор.rn

Не ги потценуваат малите работи

rnСреќните парови знаат дека не мораат да прават големи „сцени“ за да ја одржат страста во врската. Доволни се редовните телефонски повици или пораки со убави зборови за да се сочува интимноста и сексуалната желба.rn

Се фокусираат на позитивните работи

rnМожеби не ви се допаѓаат некои од работите што ги прави вашиот партнер во кревет, но наместо да го кажете тоа директно, обидете се да му покажете што ви се допаѓа. Никако не заборавајте да му спомнете дека ги обожавате неговите бакнежи. Среќните парови повеќе обрнуваат внимание на позитивните искуства отколку на негативните, благодарение на што нивниот сексуален живот е здрав и секогаш возбудлив.rn

Секогаш наоѓаат време за секс

rnДоколку времето во кое сте воделе љубов по неколку пати на ден сега е само далечно сеќавање, би требало повторно да го сместите на врвот од вашата листа на приоритети. Иако многумина сметаат дека сексот е нешто што треба да дојде само од себе, по напорниот работен ден и насобраниот стрес, сепак потребно е малку повеќе труд и планирање за да се вратите на старите навики.

Популарно

Може ќе ве интересира