КАФЕ ПАУЗА

Наместо цвеќиња, како подарок може да ги испратите овие неколку работи

Written by

in

,

Речиси никогаш нема да погрешите ако испратите цвеќиња како подарок. Но, можеби тие ви досадиле, па сакате на покреативен начин да ги изразите вниманието и љубовта. Доколку е така, постојат многу алтернативни забавни опции што можете да ги искористите. Во продолжение погледнете неколку предлози и инспирирајте се за наредниот повод.rnrnНаместо цвеќиња, како подарок може да ги испратите овие неколку работиrn

1. Слатки работи

rnСекој кој е зависник од слатки работи ќе го цени овој подарок. Изберете комбинација од неколку чоколади и бонбони и со сигурност нема да погрешите!rn

2. Налепници во боја

rnНалепниците во боја се одличен начин да им го разубавите денот на вашите сакани. Покрај тоа што во продавниците имате многу избор, исто така можете да нарачате и онлајн.rn

3. Сладолед

rnИако сезоната на сладолед полека одминува, неговите обожаватели не се откажуваат толку лесно. Доколку знаете дека вашите блиски се зависни од овој леден десерт, не двоумете се, тоа е вистинскиот подарок за нив.rn

4. Картички со пораки

rnИако испраќањето картички сѐ помалку се користи, тие сепак се креативен начин за да ги изразите своето внимание и љубов. Доколку не сте во можност лично да им ги подарите, онлајн можностите секогаш се присутни.rnrnНаместо цвеќиња, како подарок може да ги испратите овие неколку работиrn

5. Сирење

rnКога не можете да присуствувате на голем настан, но сакате да придонесете за тоа, испратете некој вид сирење. Ова е невообичаен начин да ги изненадите вашите сакани, па ќе се потсетуваат на вас во текот на случувањата.rn

6. Сет за креативна изработка

rnМожеби овие сетови се наменети за деца, но нема причина зошто да не би ги користеле и возрасните. Тие се одличен начин на опуштање и создавање нешто ново, па, зошто да не им ја овозможите оваа удобност на вашите најмили?rn

7. Алкохол

rnКој вели дека алкохолот е лоша идеја? Пивото, виното или друг вид алкохол се добредојдени на секоја забава!