10 придобивки што ги искусуваат само луѓето што живеат во село

10 придобивки што ги искусуваат само луѓето што живеат во село

Урбанизацијата со години е тренд низ светот. Многу луѓе кои се родени во село, се преселуваат во градовите, барајќи подобри услови за живот. Очигледно е дека постојат големи разлики помеѓу начинот на живот во село и во град, но тешко е да се каже кој од нив е подобар. Живеењето во град честопати значи и повисока плата, повеќе можности, повеќе достапни ресурси и така натаму. Сепак, во денешно време овие работи постепено стануваат достапни и во селата. Така, постојат многу убави работи кои ги нуди тамошниот живот, а кои луѓето што никогаш не живееле таму не можат да ги сфатат. Во продолжение погледнете во кои предности уживаат оние кои својот живот го поминуваат на село.

10 бенефиции што ги имаат луѓето кои живеат во село

1. Уживаат во секојдневниот свеж воздух

Доколку не сте живееле во село не можете да замислите како изгледа свежиот воздух. Овде не постојат поголеми загадувања од возилата, па тие може да се пофалат со тоа што од утро до мрак уживаат во свеж и чист воздух.

2. Живеат мирен и тивок живот

Градовите се секогаш бучни и постојат многу возила и пешаци по патот. Тука има сообраќајна бучава, индустриска врева, бучава што доаѓа од градење нови објекти и слично. Во селата никогаш не треба да бидете загрижени поради ова. Можете мирно да спиете во текот на ноќта или пак да уживате во тивките прошетки во текот на денот.

3. Овде може да се најде свеж и чист зеленчук

Оние кои живеат во град најчесто купуваат од супермаркетите во нивна близина, а за да јадат свеж зеленчук треба да станат рано и да отидат на пазар. Сепак, ситуацијата е поинаква доколку живеете во село, бидејќи овде луѓето најчесто сами си го одгледуваат зеленчукот и тие самите ги контролираат пестицидите што ги ставаат, па затоа се сигурни дека зеленчукот е чист и здрав.

4. Помалку трошат

Несомнено, трошоците за живот во селата се помали. Најчесто овде цената на стоките е помала отколку во градовите. Исто така бидејќи луѓето во селата имаат помали опции да избираат помеѓу одредени производи, тие може дополнително да заштедат.

5. Никогаш не се сами

Повеќето од луѓето кои живеат во градовите го имаат истото чувство: Луѓето се на само десетина метри од нив, но сепак се чувствуваат осамени. Помеѓу соседите има слаба комуникација, а нивните пријатели може да живеат оддалечени со километри. За да го отстранат чувството на осаменост, тие гледаат филмови, играат игри или излегуваат на кратка прошетка. Сепак, оние кои живеат во селата никогаш не се чувствуваат осаменo. Секој ден си посакуваат добро утро со своите соседи, неретко го пијат и првото кафе заедно, а пак нивните пријатели се оддалечени само неколку метри. Додека во градовите можете да сретнете илјадници непознати луѓе, луѓето во селата се познаваат сите.

10 бенефиции што ги имаат луѓето кои живеат во село

6. Имаат поголема физичка активност

Речиси секоја работа на луѓето кои живеат во село бара физичка активност. Обработката на земјата, садењето семе, бербата на плодовите, сечењето дрва и уште многу други нешта прават тие да бидат физички поактивни од оние кои живеат во градовите.

7. Уживаат во прекрасното небо

Додека со светлосното загадување во градовите сѐ што можете да видите се куќи и згради, семафори, возила или улично осветлување, во селата луѓето може да уживаат јасно гледајќи ги ѕвездите и месечината.

8. Не се опседнати со најновите трендови

Најчесто оние кои живеат во градовите пред да излезат од дома проверуваат дали нивната облека ја следи најновата мода, за да не бидат исмеани од другите, а исто така настојуваат да бидат во тек со најновите теми, озборувања, холивудските филмови и ѕвезди… дури ова и да не им е омилена тема. Ова нема да го сретнете во селата. Тука можете да живеете едноставно и слободно, на свој начин.

9. Не се грижат за паркирањето

Ако сте возач во голем град сигурно знаете колку е тешко да се најде паркинг место, дури и тоа да е платен. Меѓутоа ова не претставува проблем за оние кои живеат во село. Овде нема сообраќаен метеж, а не постои и сообраќајна полиција која веднаш ќе чека да ви напише казна.

10. Тие се побезбедни

Во градовите, за разлика од селата, постојат повеќе злосторства. Тука се извршуваат повеќе кражби и убиства, а бидејќи постојат повеќе возила, почести се и сообраќајните несреќи. Исто така ако постои епидемија во градовите таа се шири побрзо, а оние кои живеат овде се поподложни на болести затоа што почесто јадат брза храна, што не е случај со оние кои живеат во село.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар