Запознајте ја Маја, хаска родена без шепи, која сега е најсреќното кученце во инвалидска количка
Понекогаш Маја може да изгледа како секое нормално куче од расата сибирски хаски, но, таа е нешто посебно. Маја, сега тригодишно куче од Тајланд, била родена без ниту една шепа на нејзините нозе, па одењето за неа било невозможно. Таа исто така имала проблеми и со колковите, па не можела дури ни да стои повеќе од неколку минути, при што изгледало дека нејзиниот живот воопшто нема да биде лесен. Но тогаш се појавила Кит, нејзината сегашна сопственичка, и целосно ѝ го променила животот.
„Во тоа време барав куче, па пронајдов пост на Фејсбук од едно засолниште каде што беше објавено дека има кученце за посвојување. Беше нагласено дека дека таа има вродени аномалии, односно дека нема шепи на нејзините четири нозе“, вели Кит.
Таа знаела дека ова куче заслужува шанса. Кит вели дека најпрво ѝ било тешко, но дека не би го променила ова искуство за ништо. Таа ја нарекува Маја жива и силна, а карактеристично за неа е тоа што сака да си игра со топка, да поминува време со нејзиниот пријател, кучето Мамон, а исто така обожава и да спие.
Погледнете ја галеријата и веднаш ќе ја забележите среќата на ова куче кое храбро го живее животот.