Ако се пронајдете во овие 7 точки вие не сте претерано чувствителни, туку сте емпати!

Ако се пронајдете во овие 7 точки вие не сте претерано чувствителни, туку сте емпати!

Колку пати ви се случило некој да ви каже дека сте претерано чувствителни? Особено кога сте заплакале за мртво животно покрај патот или пак, сте почувствувале нечија физичка болка исто како да е ваша? Ако се пронајдовте, тогаш големи се шансите дека вие сте емпати. Прочитајте ги 7-те знаци што следуваат и дознајте за сигурно.

Ако се пронајдете во овие 7 точки вие не сте претерано чувствителни, туку сте емпати!

1. Откако ќе видите вознемирувачка слика, таа долго време останува во вашите мисли. Без разлика дали станува збор за трагедија што сте ја виделе на телевизија, или пак, мртво животно покрај патот, вие едноставно имате потешкотии при ослободувањето од болката.

2. Лесно можете да заплачете. Но, тоа не е нешто од што се плашите или пак, што се обидувате да го потиснете. Ако вашите очите почнуваат да треперат вие едноставно им дозволувате на солзите да почнат да паѓаат. Нема подобар начин на смирување.

3. Вие сте способни да ги забележите дури и најмалите промени во нечија енергија или говор на тело. Токму затоа и често знаете претерано да размислувате за значењето на одредени ситуации, обидувајќи се детално да си објасните нечие однесување.

4. Не знаете како да лажете. Не само што постојано ги носите емоциите на вашето лице, туку тие се забележуваат и во секое ваше движење на телото. Едноставно не можете да ги скриете, дури ни кога сакате, па затоа и секогаш сте искрени.

5. Неретко ја чувствувате физичката болка на некоја личност покрај вас што е болна. Вие можете одеднаш да се почувствувате лошо, па дури и болно, доколку ваша сакана личност се чувствува на тој начин.

6. Имате потешкотии да бидете покрај нарциси. Луѓето на кои им недостасува емпатија, за вас се како вонземјани – вие едноставно не можете да разберете како тие функционираат. Тоа се случува затоа што претпоставувате дека сите се како вас – емпатични и полни разбирање.

7. Ви станува многу непријатно во голема гужба. Тоа се случува бидејќи ја апсорбирате енергијата на луѓето околу вас, што може да доведе до големи промени во вашето расположение. Вие едноставно се заморувате и потребно ви е време со самите себеси за да се вратите во нормала.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар