Есенскa инспирација: 10 тренди комбинации со хеланки за новата сезона

Есенскa инспирација: 10 тренди комбинации со хеланки за новата сезона

Хеланките нè асоцираат на нешто модерно и атрактивно. Кога ќе помислиме на ова парче облека, прво нешто што ни се врти во глава е тренингот и напорните вежби, а потоа на сите оние девојки кои носат хеланки, но не им прилегаат. Сепак, денес сме овде за да ги скршиме овие стереотипи и да ви покажеме дека хеланките и тоа како може да изгледаат атрактивно, како во спортските така и во оние формалните или урбано тренди комбинации.

0-esenski-predlog-10-trendi-kombinacii-so-helanki-za-esenta-shto-sleduva-www.kafepauza.mk_

Ако одлучивте овој вид „панталони“ да ги носите во спортски варијанти, комбинирајте ги со атрактивен краток дуксер и вашата омилена чанта, исто како Бела Хадид. Од друга страна, можете да се одлучите и за варијантата на Кендал Џенер – кралицата на уличниот стил, па ќе ги комбинирате со краток топ и кожна јакна. Кога таа ги носи, хеланките навистина изгледаат секси, зарем не?

1-esenski-predlog-10-trendi-kombinacii-so-helanki-za-esenta-shto-sleduva-www.kafepauza.mk_

Спортската варијанта со хеланки може да изгледа интересно и со интересен дуксер, па дури и со едноставна бела блуза со впечатлив дизајн и тренди детаљ – тексас јакна. Освен тоа, и самите хеланки може да бидат со некој необичен, но не толку впечатлив дизајн.

2-esenski-predlog-10-trendi-kombinacii-so-helanki-za-esenta-shto-sleduva-www.kafepauza.mk_

Уште една секси варијанта за носење хеланки? Кожни хеланки, краток топ, лелеава кошула и кратки чизми со штикла. Кој би помислил дека ова едноставно парче облека може да изгледа вака добро и лесно да се трансформира од лежерно во модерно издание. А според Ријана, хеланките може да изгледаат сјајно дури и ако ги носите со блуза која сте ја позајмиле од вашето момче. Да, дури и во јавноста!

3-esenski-predlog-10-trendi-kombinacii-so-helanki-za-esenta-shto-sleduva-www.kafepauza.mk_

Кожните или пак оние малку подебелите, поквалитетни хеланки, може да бидат сјајна замена за панталоните, бидејќи се подеднакво атрактивни, но истовремено и поудобни. Носете ги со занимлив модел на капут или јакна, како што ви предложуваат Кејт Мос, Миранда Кер и другите познати убавици.

4-esenski-predlog-10-trendi-kombinacii-so-helanki-za-esenta-shto-sleduva-www.kafepauza.mk_

Дури и ако изберете сосема сведени и еднобојни комбинации, нема да погрешите, туку напротив, може да изгледате доста шик.

5-esenski-predlog-10-trendi-kombinacii-so-helanki-za-esenta-shto-sleduva-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар