Овој неодолив робот ќе ви помогне да стекнете позитивни навики и да ги задржите истите
Летото заврши и време e да се фокусирате на тоа како да го подобрите вашиот секојдневен живот во текот на есенските и зимските месеци. Тешко е да се стекнуваат нови навики, но благодарение на Кејла Матеус и Лора Деј го имаме МОТИ, робот кој може да ни помогне да формираме позитивни навики. Ова мало роботче набрзо ќе стане најдобриот пријател на сите луѓе бидејќи секогаш ќе биде тука да даде поддршка, ќе се вознемирува кога вашите цели нема да бидат исполнети и ќе се радува на вашите успеси.
Матеус и Деј ги употребиле нивните познавања од областа на социјалната роботика и бихевиоралната наука за да го создадат МОТИ и да го направат најефикасниот роботски придружник што можете да си го замислите. Неговата функционалност се базира на теоријата за стекнување навики според која ние ги формираме нашите навики на следниов начин: Поттик, рутина, награда. Поттикнати сме да направиме нешто затоа што ќе добиеме награда. Поради тоа нам ни е многу лесно да стекнуваме и лоши навики: Наградите ги добиваме веднаш и истите ни создаваат поголемо задоволство. МОТИ се обидува да го направи истото за навики кои не сме толку мотивирани да ги формираме.
Овој футуристички помошник можете да го набавите тука по пат на донација во рок од 28 дена по што ќе добиете една од неговите први верзии.
МОТИ се фокусира на формирањето по една добра навика за одредено време. Ќе треба да го програмирате со помош на апликацијата која доаѓа со самиот производ. Потоа, ова неодоливо роботче ќе почне да ве запознава за да може да ве наградува соодветно. Треба да го сместите на место кое најмногу одговара на навиката што сакате да ја стекнете. На пример, ако сакате да вежбате наутро, најдобро е да го ставите до креветот. Погледнете го следново видео за да видите како МОТИ се обидува да ве натера да си легнете порано.
Многу едноставно, се согласувате? МОТИ почнува со тоа што ви вели дека е време за спиење. Можете да го игнорирате додека конечно не попуштите. Ако си легнете порано, тоа ќе ве награди со специјално лајт-шоу во зависност од вашиот прогрес. Но, доколку го игнорирате, МОТИ ќе се налути и ќе ви го покаже неговото незадоволство. Потсетува малку на нашите мајки, зар не?
МОТИ може да се користи за стекнување најразлични навики, од вежбање до пиење вода. Овој мал помошник ќе може да ви ја даде потребната мотивација во секое можно време и да го извлече најдоброто од вас за многу краток период.