Постојат многу сродни души кои ги среќаваме во различни периоди од животот. Сродна душа може да најдеме во нашиот љубовен партнер, пријатели, па дури и членови од семејството. Но, кога велиме дека копнееме по нашата друга половина, мислиме на нашиот духовен близнак – нашиот близначки пламен, на англиски познат и како „twin flame“.rnrn
rnrnСите ние имаме само еден духовен близнак кој е на исто енергетско ниво како нашето, но на спротивна фреквенција. Кога фреквенциите на близнаците со идентична енергија ќе се претопат, се постигнува ускладување на јин и јанг. Во моментот кога близнаците ќе се препознаат, нивните души почнуваат да се враќаат во нивната суштина преку процес на соединување. Можеме да знаеме дали навистина сме го сретнале нашиот близнак, само ако се соединиме со него на емоционално и духовно ниво.rnrnСредбите на духовните близнаци се многу интензивни. Станува збор за длабоко искуство кое ги менува и двајцата партнери. Тие никогаш повеќе нема да бидат исти, бидејќи се доживуваат себеси на поинаков начин. Тие почнуваат интензивно да се чувствуваат себеси во нивната близначка половина.rnrnЕгото може да се обиде да му се спротивстави на тој интензитет, да настојува да ја уништи врската и да ја втурне во конвенционалните љубовни односи. Тогаш настануваат драмите, разделбите, караниците и недоразбирањата, сѐ додека близнаците не разберат дека треба да се предадат на безусловната љубов. Средбата помеѓу близнаците ќе ја постигне целта само ако и двете лица се емотивно и духовно зрели за тој однос.rnrn
rnrnЦелта на таа средба е духовното будење, кое на почеток се одликува со сите оние збунувачки моменти на препознавање. Чувствуваме дека се познаваме од претходно, од некој друг живот, се препознаваме, хемијата е силна, емоциите интензивни и се добива чувство на љубов на прв поглед. Но, на енергетско ниво работите се сепак многу подлабоки од тоа. Со духовниот близнак се поврзуваме точно преку градите, од срцевите чакри, а двете енергии со ист интензитет но спротивна фреквенција се соединуваат во трета, единствена енергија. Тоа е вистинската енергија на љубовта, онаа која е поголема од сите луѓе на светот, која бара безусловна посветеност, бидејќи само така би можеле да доживееме духовно будење и да стекнеме повисоко ниво на свесност.rnrnДуховното будење го содржи одговорот на некои од најголемите суштински прашања на човештвото од типот „Која е смислата на нашето постоење?“. Врската со духовниот близнак нѐ води право кон тоа сознание, но само ако не се спротивставуваме и не се обидуваме да го трансформираме во нешто површно што не би ја барало нашата стопроцентна посветеност и од кое би можеле да се извлечеме неоштетени.rnrnБлизначкиот пар поминува низ кризи во кои се обидува да ги примени дисфункционалните правила на љубовните врски, а кои би требало целосно да ги отфрли. Во таа фаза всушност се тестира подготвеноста на близнаците и нивната зрелост. Доколку успеат да ја поминат таа фаза и не го саботираат текот на нивната енергија, тие сѐ повеќе ќе се зближуваат и заеднички ќе ја продолжат авантурата на духовното будење.rnrn
rnrnМногу духовни близнаци никогаш не стигнуваат до потполно соединување. Остануваат заглавени во фазата на тестирање и кризи, его, осудувања, лутина, отпор, манипулација и закани. А никој не може да остане долго во таа фаза, бидејќи нејзината главна одлика е неизмерливата болка. Во тој случај близнаците страдаат толку интензивно што целиот тој интензитет на првичното препознавање и љубов се претвора во неподнослива болка. Тогаш близнаците се разделуваат, свесни дека не можат да страдаат заедно до крајот на нивниот живот. Близнакот кој бил позрел и посовесен, кој повеќе се посветил на врската и доживеал поголема болка, самостојно го продолжува патот кон духовното будење. Понекогаш на патот среќава други сродни души меѓу кои наоѓа компатибилен партнер.rnrnЧувството кое ги следи разделените близначки души никогаш не ги напушта. Тие знаат дека пропуштиле нешто највредно и најдрагоцено во животот. Најдоброто нешто што може да се пронајде во човечката љубов. Тој интензитет и енергетска поврзаност веќе никогаш нема да можат да ја постигнат меѓу себе. Нема враќање и почнување од почеток во ваква врска, бидејќи станува збор за трет елемент составен од постоечките два кој имал сопствена свест и кој умрел во моментот на разделбата на близнаците. Невозможно е да се оствари истата поврзаност со некој друг, бидејќи постои само еден духовен близнак. Близначкиот пламен се пали само еднаш и потоа или се распламтува или се гаси.
Што се случува кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак?
