Совет од експерт: Отстранете го темниот лак за нокти без да оставите траги

Совет од експерт: Отстранете го темниот лак за нокти без да оставите траги

Темниот лак за нокти, како што е црниот, тегетот, па и црвениот, оставаат посебен белег на вашите нокти и на кожата околу нив откако ќе се обидете да ги отстраните со ацетон. Иако овие бои се одличен избор, особено за вечерните излегувања, сепак, нивното отстранување понекогаш може да биде вистински проблем. Наоми Гонзалез Лонгстаф, мејкап експерт, на модната недела во Њујорк го открила најсигурниот трик за оваа женска мака.

Совет од експерт: Отстранете го темниот лак за нокти без да оставите траги

За да немате темни траги околу ноктите и на прстите, пред лакирањето со темен лак нанесете еден слој безбоен лак. Кога ќе се исуши, ставете ја бојата што ја посакувате. На овој начин ќе ги заштитите ноктите од непосакуваните траги, а кога ќе го отстранувате лакот, на кожата околу ноктите нанесете масло. Тоа ќе го спречи ширењето на лакот надвор од нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар