6 едноставни начини да го надградите вашето секојдневно кафе

Сподели

Не постои ништо поубаво од топло кафе за време на студено есенско утро. Но, некои луѓе пијат по неколку кафиња дневно, па токму оваа навика може да доведе до намалување на уживањето во вкусот. Имајќи го тоа на ум, погледнете ги следниве лесни начини како да го надградите вашето кафе и да уживате во секоја голтка со нов вкус.rn

Реклама

Додајте сол за да ја скриете горчливоста

rnМожеби ви звучи лудо, но натриумот се поврзува со вашите рецептори за вкус што го детектираат горчливото и го бришат негативното влијание.rn

Ставете цимет во филтерот пред да додадете кафе

rnНа овој начин ќе ги избегнете оние здодевните грутчиња што се создаваат од циметот и ќе добиете инстант миризба што ќе се прошири низ целата ваша кујна.rn

Користете чоколадно млеко наместо обично

rnСпонтано мока лате? Да, ова откритие може да ви го промени животот!rn

Направете си пена од млеко

rnНе ви е потребна којзнае каква технологија за да направите пена од млеко. Сè што треба да направите е да сипете млеко во мал сад со капак, добро да го промешате, а потоа да го ставите на 30 секунди во микробранова. Повелете и друг пат.rn

Мешајте го инстант кафето со ладна вода

rnБез разлика дали планирате да пиете ладно или топло инстант кафе, основата измешајте ја со ладна вода. На овој начин кафето подобро и подеднакво ќе се разложи и нема да го чувствувате вкусот на прашокот.rn

Млечно чоколадни ледени коцки за вашето кафе

rnИсто како десерт, но со кофеин. Направете ги ледените коцки така што ќе сипете млеко и изрендате чоколадо во калапите. Уживајте!

Популарно

Може ќе ве интересира