4 знаци дека пријателката на вашиот партнер ви претставува закана
Во денешно време мислењето околу тоа дали е возможно да постои машко-женско пријателство е многу поделено. Вие иако имате неколку машки пријатели и немате проблем со тоа вашиот партнер да има пријателки, сепак една од тие пријателки ви создава неверојатна нервоза и загриженост. Вашиот сакан има одличен однос со неговата пријателка и природно е да бидете загрижени дека тој однос би можел да прерасне во нешто повеќе. Доколку ве мачат овие мисли, погледнете ги следниве неколку знаци кои ќе ви покажат дали тој ја гледа таа девојка само како пријателка или како потенцијална партнерка…
1. Не сака да зборува за тоа како го поминува времето со неа
Ги крие деталите околу тоа каде одат заедно, но признава дека многу често се дружат и помеѓу 4 ѕида, а не само на јавни места. Воопшто не ги поддржува вашите заеднички дружби. Оваа мистериозност е јасен показател дека тој нешто крие од вас.
2. Секогаш е на нејзина страна
Не ги одобрувате постапките на неговата пријателка, но тој упорно ја брани дури и кога знае дека таа не е во право. Ако по секоја цена застанува на нејзина страна, тоа значи дека има силни чувства кон неа кои никако не смеете да ги игнорирате.
3. Не ви се доверува вам, туку нејзе
Доколку партнерот ви признае дека за многу работи полесно му е да зборува со неговата пријателка отколку со вас, тогаш дефинитивно треба да ја преиспитате природата на нивниот однос. Основата на секоја љубовна врска е искреноста и довербата. Би требало за сѐ да разговарате отворено, а фактот што нејзе повеќе ѝ се доверува отколку вам, би требало да ве загрижи бидејќи тоа значи дека нему му е попријатно со неа.
4. Ве споредува со неа
Речениците како „Таа не би постапила така…“ или „Зошто не го направиш ова како неа?“ би можеле да предизвикаат немир во вашата врска. Тој никогаш не би требало да ве споредува со други жени, особено не со оние кои му се блиски.
Доколку сметате дека пријателството на вашиот партнер ја загрозува врската, отворено кажете му го тоа. Неговата реакција ќе ви покаже дали тоа пријателство навистина претставува проблем. Ако тој заземе одбранбен став и покаже нервоза, тоа може да е знак дека нивното пријателство веќе прераснало во нешто повеќе. Партнерот би требало да покаже разбирање за вашиот сомнеж и желба да го решите проблемот, а не лутина.