Дознајте зошто јапонските училишта се сонот на сите родители и деца
Замислете си училиште кое ги учи децата да ги почитуваат луѓето и животните, да бидат искрени, љубезни и да имаат самоконтрола. Многу родители сонуваат за ваков образовен систем, а тој е претворен во реалност благодарение на Јапонците. Познато е дека јапонските училишта многу се разликуваат од западните и многумина ги сметаат за најдобри училишта во светот.
Во Јапонија униформата е задолжителен дел од училишната опрема за сите основни и повеќето средни училишта. Со оглед на тоа што сите униформи се исти, никој нема можност да се истакне врз основа на облеката и тоа создава една пријатна атмосфера во училниците. Учениците уште од мали нозе стекнуваат чувство на еднаквост и припадност.
Интересно е тоа што учениците во основно училиште не можат да го повторуваат одделението. Такво нешто не постои и сите основци на крајот од учебната година добиваат диплома и преминуваат во повисоко одделение.
Учебната година започнува во пролет, на почетокот на април кога цутат јапонските цреши. Тие претставуваат симбол на пролетта, раѓањето на природата и новиот почеток што ги мотивира учениците за успешен почеток на новата учебна година.
Покрај стандардните предмети како што се јапонски јазик, математика, наука и општествени предмети, во поголемиот дел од училиштата учениците учат вештини како што се готвење и шиење. Тие исто така се занимаваат и со јапонска калиграфија и поезија.
Во јапонските училишта нема домар и хигиеничарки. Учениците сами со помош на професорите се грижат за хигиената во нивните училници. По училишниот ручек тие ги собираат валканите садови и прибор за јадење, ги носат во кујната на миење и потоа одговорно го чистат нередот што самите го направиле.
Во продолжение погледнете го видеото што детално го прикажува ефективниот образовен систем на Јапонците.