6 лесни и евтини начини да го освежите вашиот стил

6 лесни и евтини начини да го освежите вашиот стил

Постојат периоди кога сте презаситени со облеката што ја имате во вашиот плакар. Но, тоа не е причина да фрлите сѐ и да почнете да купувате нови алишта. Наместо тоа, обидете се со овие лесни и евтини начини на коишто ќе го надополните вашиот стил и ќе се чувствувате поразлични.

1. Заменете ги врвките за чевли

6 лесни и евтини начини да го надополните вашиот стил

Кога постојано ги носите истите патики со исти врвки, може малку да ви изгледа досадно. Наместо да потрошите повеќе пари и да купите нов пар патики, заменете ги само нивните врвки. Новите врвки ќе внесат свежина и ќе изгледате сјајно. Најважно од сѐ е што не чинат многу и лесно можете да го изведете ова.

2. Заменете ги копчињата

6 лесни и евтини начини да го надополните вашиот стил

Изненадувачки, но вистинито: Копчињата зборуваат многу за една јакна. Па, наместо да потрошите еден куп пари на нова, одличен начин да го освежите изгледот на вашата стара јакна е да ги замените копчињата. Лесно можете да ги пронајдете во продавница, а и на интернет каде што се нудат најразлични видови. Тие не чинат многу, а можете да ги замените и самите дома.

3. Користете ги модните додатоци на поинаков начин

6 лесни и евтини начини да го надополните вашиот стил

Мислевте дека марамите се наменети само за носење на врат, нели? Но, тоа не е нивната единствена намена. Врзете ја околу ременот на чантата и добијте поинаков изглед. Исто така можете да го искористите и ѓерданот во улога на нараквица.

4. Освежете ги старите фармерки

6 лесни и евтини начини да го надополните вашиот стил

Големи се шансите дека имате стари фармерки во вашиот плакар што не ги носите веќе. Но, сте ги платиле скапо, па не сакате туку-така да ги фрлите. Наместо тоа, можете да го освежите нивниот изглед така што ќе ги искинете.

5. Поправете ги рабовите на фармерките

6 лесни и евтини начини да го надополните вашиот стил

Покрај тоа што можете да ги искинете, изгледот на фармерките можете да го освежите и со тоа што ќе ги промените рабовите. Оставете да висат неколку конци на глуждовите и комбинирајте со омилените чизми оваа есен.

6. Ставете мал брош на јаката од јакната

6 лесни и евтини начини да го надополните вашиот стил

Мал интересен брош на јаката од вашата јакна може да направи да изгледате поубаво и повпечатливо. Не чини многу, а е прекрасен моден додаток.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар