И покрај тоа што постојат големи шанси дека ќе наидете на неоригинален парфем додека разгледувате низ полиците на маркетите, повеќето од луѓето не знаат како да ги препознаат добро направените копии. Купувањето фалсификуван парфем не само што ќе направи да се чувствувате измамено и вознемирено, туку може и лошо да влијае на вашето здравје. За среќа, постојат неколку едноставни знаци кои можат да ви помогнат да ги забележите дури и најбрилијантно составените фалсификати…rn
1. Проверете го пакувањето
rn
rnrnАвтентичните парфеми најчесто имаат целофан кој е толку тенок и толку совршено завиткан, што едвај ќе го забележите над кутијата. Сите оние целофани кои се лошо наместени, се очигледен знак дека не станува збор за оригинален парфем.rn
2. Совршени шевови
rn
rnrnАко пластичното пакување на кутијата е затворено на неатрактивен начин (шевот е повеќе од 5 милиметри широк, нерамен или има вишок лепило на него), тогаш станува збор за неоригинален парфем. Пакувањето на оригинален парфем секогаш има беспрекорни шевови.rn
3. Обрнете внимание на кутијата
rn
rnrnКутијата треба да биде направена од квалитетен картон, кој е дизајниран да го заштити шишето од оштета. Токму затоа и во нејзината внатрешност има посебна конструкција која го чува шишето на своето место. Исто така нејзината боја треба да биде бела, не сивкаста.rn
4. Етикети и натписи
rn
rnrnПогледнете го златниот круг. Стрелката која покажува кон десно секогаш треба да биде потемна од стрелката која покажува кон лево. Кога купувате парфем, не се двоумете да го проверите официјалниот веб-сајт на произведувачот со цел да видите дали информациите кои се објавени таму соодветствуваат со тоа што го има на пакувањето. Дури и најмалата грешка е знак за фалсификат.rn
5. Дизајн
rn
rnrnРазгледувајќи низ полиците на продавниците за парфеми, можеме да забележиме дека постојат модели кои изгледаат и мирисаат многу слично со некои добро познати брендови. Станува збор за едноставен трик со кој произведувачите се заштитуваат себеси. Па, не заборавајте добро да ги проверите пакувањата пред да ги купите.rn
6. Каква е бојата на парфемот?
rn
rnrnПознатите брендови не користат многу боја во нивните продукти, па затоа и бојата на автентичниот парфем најчесто е многу бледа. Хемикалиите кај неоригиналните ја правата бојата пожива, па тоа е добар знак за да ги препознаете.rn
7. Симетрично капаче
rn
rnrnКапачето на оригиналните парфеми е совршено симетрично (освен ако самиот дизајн не е направен асиметричен). Но, тоа лесно можете да го проверите на официјалниот дизајн на произведувачот.rn
8. Не заборавајте на серискиот број
rn
rnrnСерискиот број треба да биде вдлабен на дното од шишето (а не залепен!). Исто така, тој треба да биде ист со оној кој е наведен на дното од кутијата, кој пак исто така треба да биде вдлабен или испринтан (во никој случај залепен!).rn
9. Како изгледа шишето?
rn
rnrnАвтентичните парфеми се спакувани во квалитетни шишиња со мазна површина. Шишињата на неоригиналните се малку погруби со криви рабови.
