КАФЕ ПАУЗА

Како да се справите со акните на грбот?

Written by

in

,

Акните се секогаш здодевни, без разлика во каква форма се појавуваат. Но, оние на вашиот грб се особено фрустрирачки затоа што се тешки за досегнување, па мора да ги оставите самите да исчезнуваат. За среќа, постојат неколку трикови со кои можете целосно да го спречите нивното појавување.rn

Носете широка облека

rn(1) Како да се справите со акните на грбот?rnrnОдбирајте парчиња кои се направени од памук и други материјали низ кои вашата кожа ќе може да дише. Сè што е премногу тесно, несоодветно лежи на вашето тело или ве затега, влијае негативно на вашата кожа.rn

Држете ја косата настрана од вашиот грб

rn(2) Како да се справите со акните на грбот?rnrnОткако ќе ја измиете косата, соберете ја во висока пунџа и потоа измијте го вашето тело со цел да не остане дел од шампонот или регенераторот на вашиот грб. Исто така, кога е премногу топло и се потите, секогаш собирајте ја косата за да може вашиот грб да дише.rn

Често перете ги градниците

rn(3) Како да се справите со акните на грбот?rnrnПогрижете се сè што допира на вашиот грб да е чисто, особено градниците. Најдобро е доколку ги перете градниците секој втор ден, а облеката еднаш неделно.rn

Туширајте се веднаш по вежбањето

rn(4) Како да се справите со акните на грбот?rnrnНе дозволувајте потта да се исуши на вас, па истуширајте се што побрзо можете откако ќе завршите со вежбањето. Целта е да се отстрани потта пред таа да има можност да се насобере околу фоликулите и да создаде акни.rn

Обидете се со друг детергент за алишта

rn(5) Како да се справите со акните на грбот?rnrnМиризливите детергенти за алишта можат да ја иритираат кожата и да ја поттикнат појавата на акните. Најдобро е доколку се одлучите за детергент кој не содржи парфем или оној кој е наменет за чувствителна кожа.