Луѓето имаат различни вкусови кога станува збор за летните одмори и плажите. Некои повеќе сакаат плажи полни со луѓе, додека други избираат поинтимни места, каде што можат да се одморат во мир и тишина, слушајќи ги единствено брановите кои лесно удираат во брегот. Доколку сакате мирни плажи, ние ви нудиме листа од девет најотсечени плажи во светот, каде постојат само песокот, морето и вие, доколку се одлучите да заминете на некоја од нив.rn
rn1. Плажа Салема (Португалија)
rn
rnСалема е неоткриена скапоценост во јужна Португалија. За да стигнете до неа, треба да поминете низ мал рибарски град со бели куќи и диви цвеќиња. Возејќи низ гратчето ќе стигнете до прекрасната мала плажа, со недопрен песок во златна боја во кој удираат брановите на Атлантскиот Океан.rn
2. Плажа Баи Даи (Виетнам)
rn
rnrnОколу 70 проценти од малиот остров Фу Куок, кој има облик на солза, е заштитен како национален парк, што го зачувува од брз туристички развој и големи гужви. Една од најинтимните плажи на островот, Баи Даи е откриена на западната страна од островот, каде што кристално чистата вода ќе ве остави без здив.rn
3. Плажата на љубовниците (Невис)
rn
rnrnПетминутно пешачење по правлив, необележан пат ќе ве донесе до интимна плажа со кадифен песок на карипскиот остров Невис, на неговото северно крајбрежје. Покрај неверојатните мир и тишина, плажата нуди и прекрасен поглед кон островот Сент Китс, што го надополнува впечатокот за плажата.rn
4. Баиа до Санчо (Бразил)
rn
rnrnСте слушнале ли за Фернандо де Нороња? Тоа е архипелаг во Атлантскиот Океан, со прекрасни острови, каде што туризмот не е развиен. Овој архипелаг од брегот на Бразил е оддалечен околу 350 километри. Но, за да стигнете до неверојатната плажа Баиа до Санчо, потребно е околу 20-минутно пешачење по правлива патека со опасни камени препреки, но крајната цел ќе ве остави без зборови.rn
5. Плажа Грејт Рок Бајт (Мартас Винјард)
rn
rnrnОваа плажа е една од најдобро чуваните тајни на островот Мартас Винјард, кој се наоѓа во Атлантскиот Океан во рамки на Масачусетс, веднаш под полуостровот Кејп Код. Покрај неверојатниот песок, чиста вода и мир, плажата има и големи карпи, кои можат да се користат за скок во водата, секако за оние најхрабрите.rn
6. Плажа Брава (Уругвај)
rn
rnrnОваа плажа е неверојатно тивка, освен во периодот на божиќните празници. Доколку сакате да се опуштите само со звукот на брановите и песочните дини, плажата Брава е прекрасно место за вас. Таа нуди неверојатен спој со природата.rn
7. Плажа Факистра (Грција)
rn
rnrnПлажата Факистра се наоѓа под планината Пелион во централна Грција и нуди сосема различно искуство од повеќето плажи во оваа развиена туристичка земја. Додека повеќето плажи во Грција се уредени со лежалки и барови, Факистра е лоцирана до малото село Цагарада и нуди мир, тишина и хармонија со природата.rn
8. Полихејл Стејт Парк (Хаваи)
rn
rnrnОваа неверојатна плажа се протега на западниот брег, во дел кој е практично напуштен. На оваа плажа освен во мирот, можете да уживате во песочните дини, кактуси, како и да го доживеете најубавото зајдисонце на светот. Недопрената убавина е надополнета со силен ветер и големи бранови.rn
9. Ко Аданг (Тајланд)
rn
rnrnНедопрена природа која излегува на Андаманското Море. Наместо луѓе, друштво може да ви прават мајмуни. Ќе наидете на неверојатни водопади и шума, а белиот ситен песок и кристалната вода се единствени.

