Необичен режим на исхрана: Со вкусна пица до совршената телесна тежина

Необичен режим на исхрана: Со вкусна пица до совршената телесна тежина

Вкусна пица со шунка и кашкавал, па и со по некое луто пиперче одозгора, би можела да биде решение за ослободување од вишокот килограми, ако сакате да му се верува на едно истражување спроведено во Португалија.

(1) Науката докажа: Јадете пица со шунка и кашкавал, сигурно ќе ослабете

Сепак, за да не помислите дека можете до бесвест да уживате во оваа неодолива храна, постои едно „но“. Уживањето во пицата е дозволено еднаш неделно, додека останатите шест дена мора строго да внимавате на консумирањето калории.

Спроведеното истражување покажало дека оваа метода навистина помага во губењето на килограмите, затоа што ваквиот вкусен, солен оброк еднаш во неделата, луѓето го доживуваат како награда за сиот труд и одрекувањата од посакуваната храна изминатите шест дена. Така им е многу полесно да продолжат да ги бројат калориите, да внимаваат на храната што ја внесуваат и да истраат во диетата.

Во истражувањето учествувале доброволци поделени во две групи. И на едните и на другите им било дозволено да изедат 10.500 калории неделно. Но, учесниците од едната група имала привилегија еднаш во седмицата да се опуштат и да изедат пица или друга високо калорична храна. Сепак, вкупниот број консумирани калории во неделата не смеел да се надминува. Тоа значело, доколку еден ден претерале, останатите денови требало да го намалат внесувањето на калории.

Всушност, таа група имала подобри резултати на крајот од истражувањето, односно луѓето кои можеле да се почестат со пица или слична храна, изгубиле повеќе килограми. Исто така, во другата група имало повеќе луѓе кои се откажале од диетата, затоа што немале мотивација како првата група, односно немале на што да се радуваат – еден ден во неделата кога можеле да јадат што сакаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар