10 начини на кои Фејсбук го уништува вашиот љубовен живот

10 начини на кои Фејсбук го уништува вашиот љубовен живот

Многу често се зборува за тоа дека Фејсбук е доста корисен кога се работи за добивање информации, споделување најнови вести, одржување контакти со луѓе од други земји, ширење познанства, па дури и наоѓање нова љубов. Но, сите овие придобивки имаат и своја негативна страна, особено кога станува збор за љубовниот живот. Дури може и да се каже дека во тој случај тој прави повеќе лошо отколку добро. Интересно е тоа како една социјална мрежа создадена со цел да нѐ поврзе, успева некако да направи да се чувствуваме уште поосамено. Во тој контекст, прочитајте како ова чудо на денешницата го отежнува љубовниот живот на сите негови корисници…

10 начини на кои Фејсбук го уништува вашиот љубовен живот

1. Само што ќе помислите дека сте го преболеле вашиот поранешен партнер, ви излегува фотографија од вас двајца. „На овој ден минатата година, беше на брод заедно со твојот поранешен партнер во неговата викендичка на езеро. Се сеќаваш? Сакаше да те потсетам на ова? Тоа сум јас, Фејсбук, само проверувам дали се сеќаваш дека еднаш имаше прекрасна среќна врска која те носеше на возбудливи авантури, а сега јадеш пица во кревет.“ Кому му е потребно ова?

2. Сите пријатели што ви ги предложува се всушност ваши пропаднати љубовни состаноци. Како да не беше доволно тоа што го преживеавте ужасниот љубовен состанок со момче кое постојано зборуваше за себе и самото се смееше на неговите глупави шеги, сега треба да го гледате и во аголот на вашиот екран секогаш кога ќе се вклучите. Тоа ни најмалку не е интересно.

3. Секој што ви се допаѓа има пристап до сите срамни работи што сте ги објавиле во изминативе 5 до 10 години. Потребни се само неколку минути и малку упорност за некој целосно да го прелиста вашиот Фејсбук профил и да дојде до сите глупави статуси што некогаш сте ги објавиле од типот „Вечер ќе биде газење“ или „Јас не сум Фанта, па да ме свртиш на игра или Кока Кола, па да ме отвориш за радост. Јас сум Швепс – само за искусни“. Да се надеваме дека никој не го прави тоа.

4. Премногу лесно е случајно да лајкнете фотографија од вашата симпатија објавена пред повеќе од една година. Во ред е да се занесете и да ги прегледате сите можни објавени фотографии, но проблемот настанува кога случајно ќе лајкнете некоја слика од пред 100 години, со што дефинитивно ќе откриете дека сте „манијачеле“. Можеби Фејсбук треба да размисли да воведе опција „Дали сте сигурни?“ пред секој лајк на објава постара од 3 месеци.

5. Ги покажува вашите неодамнешни пребарувања. Обично, за ова може да се засрамите само додека сте сами, но еве да си замислиме дека сте излезени со вашата симпатија и сакате да пребарате некој ваш заеднички пријател. Отворате Фејсбук, кликате на опцијата за пребарување и тој веднаш покажува дека личноста која последна сте ја пребарувале стои до вас и гледа!

6. Мисли дека сакате да видите фотографија од вашиот поранешен партнер со неговата нова девојка. Секако дека порано сте ги лајкувале сите фотографии на вашиот поранешен партнер. Но, потоа раскинавте. Меѓутоа, никој не му го кажал тоа на Фејсбук, па затоа сега тој ве напаѓа со сите нивни најнови објави и фотографии и ги сместува на врвот од вашата почетна страница. Многу внимателно од негова страна!

7. Мисли дека сакате да видите колку луѓе ја лајкнале фотографијата од вашиот поранешен партнер и неговата нова девојка. Дури и да успеете да ги сокриете објавите на вашето поранешно момче од почетната страница, тоа нема да ви вреди ништо ако неговата фотографија добива многу лајкови. Не само што тоа повторно ќе го врати на врвот од вашата почетна страница, туку и ќе ви покаже колку многу сите ја сакаат новата девојка. Браво за неа!

8. Можете да видите дека вашата симпатија го видела настанот на кој сте ја поканиле, но сѐ уште не одговорила. Во ред е. Ќе одговори кај и да е. Многу луѓе не ги гледаат поканите за настани, ништо страшно. Само за секој случај ќе продолжите на секои 5 минути да проверувате дали има одговор.

9. Најстрашно е кога ќе видите дека вашата симпатија ја прочитала слатката порака што сте ја пратиле, но не ви одговорила. „Здраво, како си? Само сакав да ти посакам убав ден.“ Видено, односно „seen“. Нема поужасно чувство од тоа.

10. Фејсбук праќа нотификации кога еден куп луѓе, меѓу кои и вашата симпатија, присуствуваат на „настан во ваша близина“. А вие ниту можете, ниту сте поканети да присуствувате. Како да ви се потсмева право во лице!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар