Не им е лесно: 3 хороскопски знаци кои тешко наоѓаат сродна душа
Овие три хороскопски знаци имаат најголем проблем да ја најдат својата сродна душа, затоа што тешко се согласуваат на компромис или се неодлучни. Но, со малку труд и тие завршуваат во среќни врски, покрај прекрасни личности.
Бик
Родените во овој знак се секогаш во петта брзина. Тие се весели и некогаш бучни луѓе, кои се исклучително интересни за околината, најмногу поради мистичноста која ја носат со себе. Пред да стапат во брак, тие имаат многу врски. Тоа им помага да си создадат јасна слика во својата глава како треба да изгледа нивниот совршен партнер. Во брак најчесто стапуваат со партнер/ка со кој/а не биле долго во врска и повеќе значење даваат на интуицијата, а помалку на рационалното убедување. Биковите се познати по својата добродушност и широко отворено срце, но тоа многу често е злоупотребувано од страна на нивните партнери. Иако родените во овој знак се големи жртви за своето семејство, сепак не сакаат да се затвораат во четири ѕида и сакаат да продолжат со своите излегувања и да одржуваат безброј пријателства. Доколку партнерот/партнерката покаже дека може без неа/него, тогаш кај Биковите се буди суетата и ќе почне да покажува голем инает, што може да предизвика дисхармонија во врската или во бракот. Кога ќе видат дека постои ризик од крај на заедничкиот живот, припадниците на овој знак даваат сè од себе да ја спасат врската. Но, кога ќе увидат дека за таа личност повеќе ништо не ги врзува, заминуваат без размислување, затоа што Биковите премногу си ги почитуваат своите принципи и не дозволуваат никој да ги „гази“.
Девица
Припадниците на овој знак сакаат да бидат во центарот на вниманието, а тоа лесно им поаѓа од рака затоа што се исклучително интелигентни, шармантни и многу духовити. Секогаш се највесели во своето друштво, но припадниците на спротивниот пол на нив најчесто гледаат како на пријатели. Тоа е причината поради којашто Девиците пред да стапат во брак имале мал број љубовни врски, а илјадници пријатели. Секако, постојат и Девици кои заведуваат и пленат, но тоа најчесто завршува со кратка авантура. Кога ќе запознаат личност за која навистина сакаат да се врзат, ќе ги занемаруваат неговите/нејзините недостатоци, во надеж дека со текот на времето ќе успеат да ги обликуваат партнерите по своја желба. Тоа го прават затоа што за нив заедничкиот живот е најважната работа. Девиците се плашат од самотија. Еден ден, кога на површина ќе излезат сите маани на партнерот/партнерката, а тие не можат да направат ништо да ги сменат таквите карактеристики, ќе почнат да се гушат во врската или бракот. Но, она што ги карактеризира поголемиот број Девици е дека, колку и да е лош бракот во кој се наоѓаат, тие многу ретко се иницијатори да се стави крај на таа приказна. Најчесто, таквиот чекор го презема другата страна, затоа што повеќе не може да ги поднесе постојаните кавги, префрлања за ситници и недоразбирања. Девицата не губи време и брзо пронаоѓа нов/а партнер/ка, затоа што едноставно не сака да биде сам/а.
Вага
Вагите се познати по тоа што можат да пленат секого со своите неверојатни приказни, проткаени со хумор. Тие оддаваат изглед на исклучително смирени и рационални личности, поради што лесно ги заведуваат луѓето кои им се интересни. Знаат да имаат авантури, но сепак повеќе сакаат стабилни врски. За брачен партнер најчесто избираат личности со кои можат да минуваат многу време заедно. Но, кај Вагите многу често се покажува дека тоа заедничко поминато време не е секогаш гаранција за долг и стабилен брак. Вагите се често меѓу небото и земјата, меѓу сопствените желби и реалните можности, па иако се свесни дека можеби можат да најдат подобар партнер, во брак влегуваат без многу размислување. Многу често се случува набрзо по стапувањето во брак да сфатат дека сопругот или сопругата не им одговара според интелектуалните и другите способности. По природа се многу неодлучни и константно размислуваат дали можеле да направат нешто подобро, што предизвикува нервоза кај партнерот или партнерката. Вагите знаат често да предизвикаат кратки, но бурни расправии. Од брак излегуваат со заеднички договор со партнерот, кој веќе станал свесен дека емоциите исчезнале и оти е најдобро секој да тргне по својот пат. На Вагите им е потребно време да ја преболат врската или пропаднатиот брак, но никогаш не престануваат да веруваат во вистинска љубов.