Совршено за сите туристи со авантуристички дух: Хотел без ѕидови и без таван!
Хотелот „Нул Штерн“ во Швајцарија ги крши сите стереотипи за луксузните хотели. Во него нема буквално ништо освен кревет и неколку масички. Нема врати, нема ѕидови, нема таван – само неверојатен поглед на Алпите кој ќе ви го одземе здивот.
„Ги срушивме ѕидовите, така што ништо не може да застане помеѓу вас и вашето искуство“, вели еден од сопствениците за уникатниот дизајн на овој оригинален хотел.
Инаку, на германски името на хотелот значи „Нула ѕвезди“, а сепак добивате милијарди ѕвезди над вас! Овој хотел е одлично место за туристите кои бараат поразлично и поинтересно искуство.
Хотелот се наоѓа на 6.463 метри надморска височина, точно во срцето на швајцарските Алпи. Цената на собата изнесува околу 188 евра од вечер.
Градежниците морале да ја израмнат земјата за да вградат кревет
Овој хотел нема ѕидови, нема покрив, нема тоалет – само брачен кревет и неколку масички и ламби, а до јавниот тоалет се стигнува со 5 минути одење пеш
Хотелот нуди панорамски поглед на планините и ѕвездите навечер. Целата Швајцарија станува еден огромен хотел!
Но, како и секој обичен хотел, „Нул Штерн“ нуди собна послуга во форма на личен батлер
Батлерот живее во близина во една колиба
Тој им готви појадок и вечера на гостите и оброците им ги носи во кревет
За среќа, резервациите може да се откажат во последен момент поради лошите временски услови
Што мислите вие за овој хотел? Би сакале да поминете неколку вечери под отворено небо во хотел со „нула ѕвезди“?