Во денешно време толку многу сме навикнати да позираме што не можеме да замислиме да ни помине денот без да направиме барем една фотографија. Но, во поголемиот број случаи тоа завршува со еден куп избрзани селфиња, кои многу се разликуваат од професионалната фотосесија, при која нема да можете да се потпрете на сите тие филтри кои ги покриваат вашите недостатоци. Само професионалната фотографија може вистински да го долови надворешниот изглед, со тоа што ќе ги покаже и црвенилото од кое толку се срамиме, но и цртите кои нѐ прават привлечни. Прочитајте ги следниве професионални совети кои ќе ви помогнат да изгледате совршено на секоја фотографија…rn
Одбегнувајте да се сликате од низок агол
rn
rnrnФотографирањето од ниски агли ќе направи да изгледате напнато и ќе ви додаде неколку килограми. Најдобро е да се сликате со фотоапаратот поставен во висина на вашите очи и на тој начин нема да изгледате полничко или да добиете двојна брада на фотографиите.rn
Немојте да се сликате ниту од високи агли
rn
rnrnНа фотографиите направени од висок агол вашата глава ќе изгледа непропорционално голема во однос на останатиот дел од телото. Но, можете да ризикувате доколку сакате да изгледате неверојатно слатко на фотографијата.rn
Откријте која е вашата убава страна
rn
rnrnЦртите на лицето се асиметрични речиси кај сите луѓе. Имајќи го тоа на ум, откријте која ваша страна изгледа подобро и свртете ја кон фотоапаратот за време на сликањето.rn
Не ги собирајте образите
rn
rnrnАко не сакате да ги истакнете образите, немојте да ги собирате. Само поставете го лицето на растојание од три четвртини од фотоапаратот и притиснете го јазикот на горниот дел од вашата усна празнина.rn
Усовршете ја техниката на мижуркање
rn
rnrnАко очите ви се широко отворени, а веѓите подигнати тоа ќе му даде изненаден израз на вашето лице. За време на фотосесиите најдобро е по малку да мижуркате со очите. Тоа ќе го направи вашиот поглед посамоуверен и привлечен.rn
Обидете се да не се муртите
rn
rnrnНе само што муртењето ќе му даде заканувачки израз на лицето, туку и вашиот нос ќе делува подолго. Најдобро е да гледате право во фотоапаратот кога се сликате.rn
Подигнете ја брадата
rn
rnrnКога се сликате од страна малку подигнете ја брадата за да го направите вашето лице поизразно. Благодарение на овој едноставен трик, вашите образи и врат ќе изгледаат потенки.rn
Не ги напрчувајте усните
rn
rnrnКога сакате да испратите бакнеж за камерата, обидете се да не претерувате со глумата. Во спротивно може да изгледате смешно.rn
Смејте се природно
rn
rnrnЕдноставната, опуштена насмевка ќе направи вашето лице да изгледа поприродно, додека, пак, широката насмевка само ќе ги истакне вашите брчки.
