Една од најлошите работи кои можат да ѝ се случат на една девојка или жена во врската, е таа да му каже на својот партнер дека го сака, а тој да не ѝ возврати. Голем број жени тогаш мислат дека сториле нешто погрешно и дека тие се виновни за настанатата непријатна ситуација. Но, факт е дека постојат неколку причини поради кои момците или мажите не возвраќаат на таквата изјава.
rn
1. Не е сигурен во вашата врска
rnЕдна од главните причини најчесто е неговата несигурност околу тоа на каде оди вашата врска. Можеби му треба уште малку време за да види колку е силна поврзаноста со вас. Исто така, многу момци, најпрвин сакаат да ве запознаат со неговото семејство, па потоа да ви изјават љубов. На тој начин стекнуваат одредена сигурност.rn
2. Се плаши од врзување
rnМажите генерално се плашат од долгорочни „обврзувања“ поради што многу тешко ги изговараат искрените изјави за љубов. Тоа не значи дека не ве сака, туку поверојатно е дека е премногу исплашен од сите очекувања кои доаѓаат со отворањето на душата. Потребно е да му дадете уште малку време и започнете ја оваа тема многу внимателно.rn
3. Можеби тоа веќе го покажал на невербален начин
rnМажите ги покажуваат своите емоции сосема различно од начинот на којшто тоа го прават жените. Наместо да ви кажат, тие ќе ви покажат преку страсни бакнежи, држење за рака, искрени прегратки, грижа за вашите чувства. Затоа, доколку до вас имате партнер кој сè уште не ви кажал, но на безброј други начини ви покажал дека ве сака, бидете среќни. Кога ќе почувствува доволна сигурност ќе ги изговори и тие магични зборови кои толку многу посакувате да ги слушнете.

