Можеби ги правите несвесно: 10 работи со кои го излудувате вашето момче

Можеби ги правите несвесно: 10 работи со кои го излудувате вашето момче

Има некои работи кои девојките можеби ги прават сосема несвесно, но тоа многу лошо влијае врз нивните момчиња. Не станува збор за нивна помала самодоверба, туку едноставно најголемиот дел од мажите имаат потреба да ја совладаат конкуренцијата и да бидат први, единствени и најдобри. Иако можеби нема да ви каже или покаже, кога правите една од следните 10 работи, во главата на вашиот партнер почнуваат да се мотаат секакви мисли, исполнети со лутина, нервоза, недоверба, инает, љубомора…

(1) Можеби ги правите несвесно: 10 работи со кои го излудувате вашето момче

1. Флерт со други момчиња

Кога флертувате со други момци пред него, тогаш во неговата глава се одвива вистински хорор. Мажите во тие моменти реагираат најразлично, во зависност од нивниот темперамент и карактер, но внимавајте во негова близина да нема остри, ниту тапи предмети.

2. Се смеете на туѓи шеги

Ова е една работа која комплетно ги излудува момците. Ако го прашате него, веројатно ќе ви одговори дека само тој има право да измами насмевка на вашето лице.

3. Женски излегувања

Фактот дека мажите не знаат што точно се случува за време на вечерните дружења со жени е доволна причина да чувствуваат несигурност. Додека седи сам, во главата си замислува како ви приоѓаат и ви се додворуваат десетици момци таа вечер.

4. Ви се допаѓаат познати личности кои изгледаат подобро од него

Знаете ли зошто некои момци едноставно не можат да поднесат некој актер, пејач, фудбалер? Па, поради вас. Поради нешто што вие сте кажале или сте направиле поврзано со таа позната јавна личност. Поради оној ваш излив на емоции кога ќе го видите на малите ТВ екрани. Ете, токму поради тоа.

5. Кога споменувате други момци само по нивното име, без објаснување

Доколку на вашето момче му раскажувате одредена случка од работа, внимавајте како ги употребувате зборовите. Ако ја почнете реченицата со „Оној Горан од работа“ или „Горан од мојот оддел“ тогаш е во ред, но доколку започнете со „Како ме изнасмеа денеска Горан“, тогаш создавате хаос во неговата глава.

6. Праќате пораки на други момци

Тој полудува во моментот кога сфаќа дека праќате порака на друго момче, без оглед за каква содржина станува збор.

7. Најдобриот пријател не ви е девојка, туку момче

Нема врска колку долго се познавате со вашиот другар и колку сте „само другари“. Вашиот партнер сигурно веќе неколку пати си помислил дека веројатно сте имале интимни односи, некогаш одамна. Еднаш, некогаш, случајно. За таквото размислување обвинете ги стереотипните романтични комедии.

8. Се сеќавате на позитивни спомени од поранешните момчиња

Кога ќе споменете некое ваше поранешно момче во некоја позитивна конотација тогаш се создава страв и несигурност кај вашиот партнер. Почнува да размислува дали можеби сè уште сте заљубени во тоа момче, дали е можеби тој подобар од него. Доколку добро погледнете, ќе забележите суптилен бес во неговите очи.

9. Слободните денови ги користите за одмор со пријателите

Тоа е време кое сте можеле да го минете со него. Ако е повлечена личност и сака да поминува време сам со себе, тогаш нема да има некои големи реакции, но доколку е дружељубив веднаш ќе ве праша зошто не го земате со вас.

10. Доколку не го поддржувате во кавгите со други луѓе

Без оглед дали сметате дека е во право или не, секогаш пред другите треба да го поддржувате. Доколку застанете на страната на неговите родители, браќа, сестри, пријатели, колеги, тогаш навистина ќе се чувствува повреден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар