Љубовен хороскоп: Дали можат да функционираат два исти знака?

Сподели

Во љубовта најдобро функционираат партнерите со исти земјени знаци, додека најлоша комбинација се врските помеѓу исти огнени знаци. Проверете дали би можеле да си најдете партнер/ка од вашиот знак и како би изгледала вашата љубовна врска.

Реклама

rn

Два Овна – премногу темперамент

rnВеќе при првата средба на два Овна ќе се почувствува голема хемија. Но, таа голема страст брзо ќе им се „удри од глава“. Најчест проблем ќе претставува премногу сличниот темперамент, поради што кавгите и судирите ќе бидат неизбежни. Сепак, на почетокот од врската и двајцата партнери ќе даваат сè од себе. Но, крајот на врската нема да биде воопшто добар како убавиот почеток.rn

Биковите се компатибилни партнери

rnПрипадниците на овој практичен и рационален знак се добар спој, кој зрачи со стабилност. Сличните ставови и цели се добар темел за долготрајна врска, а евентуалните расправии би се појавиле околу финансиите. Исто така, проблеми би можеле да настанат и поради слабата волја на двата партнера да ја издигнат врската на повисоко ниво.rn

Близнаците се партнери во авантурите

rnФлертот што доаѓа од два Близнаци секако има една посебна магија во себе. На овие партнери секако нема да им биде здодевно, а креативноста ќе блика од сите страни, особено во сексот. Сепак, на долгорочен план се многу нестабилни. Близнаците најчесто имаат потреба од партнер што ќе ги „приземји“, а тоа тешко можат да го добијат од припадниците на нивниот знак.rn

Два Рака одговараат, но со многу искуство зад себе

rnПар од два Рака може да биде перспективен, но под важен услов – и двајцата партнери претходно да минале низ љубовен „бродолом“ и да извлекле пораки од таа тешка животна ситуација. За да успее врската, и двајцата мораат да знаат да ги почитуваат емоциите на партнерот и да не му забележуваат за слабостите кои ги носи во себе. Исто така, треба да се воздржат од постојаното анализирање на односот.rn

Лавовите се борат за превласт

rnОдносот меѓу овие два огнени знака најчесто е нестабилен, затоа што нивната слична природа неизбежно ги води кон судир. Поради тоа што и двајцата тежнеат кон доминација во нивната врска, борбата за превласт ќе биде константна, а многу често ќе ја „зачинуваат“ и со погрдни зборови упатени меѓусебно. Двата Лава, многу често, по големи расправии се смируваат со страсни интимни односи, кои одново ги враќаат во „огнената“ врска. Но, колку и да се обидуваат, рамноправноста меѓу овие два знака тешко може да се постигне.rn

Девиците се одличен пар

rnЗа припадниците на овој знак, слободно може да се каже дека се создадени еден за друг. И двајцата имаат големи очекувања од партнерот, а за тоа се свесни во својата врска. Тие си даваат безусловна поддршка и го извлекуваат најдоброто еден од друг. Уште подобра комбинација се доколку пред врската биле пријатели.rn

Вагите меѓусебно си премолчуваат работи

rnРодените во овој знак можат да функционираат како љубовни партнери, но за да успеат во таа намера мора да вложат многу енергија. Двајцата тежнеат кон хармонија во нивниот однос, поради што ќе избегнуваат судири, а всушност тоа ќе ги полни со фрустрации и недоречености, кои можат да стават крај на нивната врска. Штом се насоберат негативни емоции, тие ќе избијат од нив како од вулкан.rn

Скорпиите мораат да ја надминат почетната криза

rnСтрасните припадници на овој знак на почетокот од својата љубовна врска ќе имаат проблеми и несогласувања. Нивниот однос на стартот ќе биде исполнет со замерувања и смирувања, како и постојани осцилации во чувствата. Доколку ја надминат таа првична криза и најдат заеднички јазик, можат да функционираат во квалитетна врска.rn

Стрелците брзо ќе сфатат дека не си одговараат

rnРодените во овој знак тешко воопшто ќе дојдат и до ситуација од која што би можела да се изроди љубовна врска. На самиот почеток нивниот натпреварувачки дух ќе им оневозможи да се поврзат, но доколку успеат да остварат блиска релација и двајцата ќе почувствуваат страв од можната загуба на нивната слобода. За среќа, ќе бидат искрени еден кон друг и ќе си признаат што им лежи на душата.rn

Јарците се добар љубовен пар

rnПрипадниците на овој знак во меѓусебна комбинација се создадени за стабилна и долготрајна љубовна врска. Добро знаат што сакаат во животот и во односите со луѓето, а доколку се појави љубов, тоа нема да го кријат и ќе ги почитуваат чувствата на партнерот. Исто така, ќе си даваат голема поддршка и во кариерата, а својот однос ќе го градат полека и сигурно.rn

Водолиите е подобро да си останат пријатели

rnИако Водолиите можат да бидат одлични пријатели, кои ќе си помагаат во тешките моменти, во врската ќе бидат премногу егоистични. Во почетната фаза на нивниот однос ќе им биде забавно, но набрзо ќе почне да недостасува подлабок емоционален ангажман и љубовната врска ќе остане површна и бледа.rn

Рибите имаат подеднакво 50% шанси за успех и неуспех

rnОднадвор се чини дека две Риби се идеален спој, а за таквиот однос ќе навива и нивната околина. Проблем ќе настане доколку и двајцата партнери се по природа инертни, па и покрај големите планови, малку од тоа ќе се оствари. Тогаш можат да се јават недоразбирања и тешки ситуации. Но, доколку во врската, едниот партнер е „придвижувач“, тогаш двете Риби ќе останат заедно.

Популарно

Може ќе ве интересира