Без вежбање и гладување: Оваа диета стана вистински хит во светот

Сподели

Доколку сакате набрзина да го изгубите вишокот килограми, а ве мрзи да вежбате или пак мака ви е од гладување, можеби сè уште не сте ја испробале таканаречената Американска диета. Во прашање е една варијанта на славната Аткинсова диета која се заснова на потполно исфрлање на јаглехидратите од дневното мени и внесување на протеини.

Реклама

Оваа диета ќе ви ја препорачаат и некои нутриционисти, но можеби не со задоволство, бидејќи во неа се изоставуваат и витамините. Затоа е неопходно додека ја држите да земате и додаток во исхраната во вид на витамини Ц и Д, магнезиум, цинк…

После првите шест дена од оваа диета вагата би требало да покажува 5 килограми помалку, а после тоа секојдневно се губи по уште еден килограм. Оваа диета не би требало да се држи подолго од 24 дена, а за тоа време може да се изгубат и до 20 килограми. Многу е важно да обрнете внимание на тоа дека и минималното внесување на јаглехидрати може да го прекине губењето на масни наслаги и килограми.

Експертите велат дека после американската диета ќе бидете „мирни“ две години, поточно тоа е периодот во кој вашите килограми нема да се вратат и нема да има јо-јо ефект. Уште една добра страна на оваа диета е тоа што во неа нема гладување – количината на храна не е ограничена, туку само нејзиниот избор. Односно, вашата исхрана во суштина ќе се сведе на месо, јајца и салата.rn

Дозволени производи:

rn1. Сите видови месо – пилешко, телешко, свинско, јагнешко, јунешко, мисиркино, сите видови џигер, дивеч… Месото може да се јаде подготвено на скара, печено, сушено, варено или пржено. Но, заборавете на колбасите, виршлите и сите видови сувомесни производи.

2. Сите видови риба.

3. Јајца – варени, пржени, или во вид на омлет.

4. Зеленчук – марула, пиперки, домат, краставица, зелка, цвекло, кромид, спанаќ, карфиол, блитва, кељ, аспарагус, артичока, ајвар, модар домат, морков, целер, репка, брокула… Сите салати можете да ги зачините со сол, бибер, масло и оцет.

5. Пијалаци – црно кафе, минерална или обична вода, сите видови чаеви без шеќер, лимонада без шеќер.

rn

Забранети производи:

rn1. Леб, шпагети или каков било вид тесто.

2. Млечни производи.

3. Ниту еден вид слатки, грицки, ниту пак овошје.

4. Компир, ориз, грав, грашок, презла, похувано месо, леќа.

Популарно

Може ќе ве интересира