5 ситуации кои ќе го расплачат и најголемиот фраер
Посилниот пол денес многу повеќе покажува чувства и нежност за разлика од порано, но мажот кој плаче е сѐ уште ретка глетка. Уште од раното детство, машките деца ги учат дека не треба да плачат и дека треба да ги задржуваат нивните солзи, па така тие тоа го спроведуваат и понатаму во животот, мислејќи дека ако некој ги види расплакани ќе ја изгубат машкоста. Но, сепак постојат ситуации во кои дури и најсилните претставници на посилниот пол ќе се расплачат. И не е тоа ништо срамно, туку баш напротив, секоја жена ќе се трогне од солзите на нејзиниот партнер и ќе го засака уште повеќе кога тој пред неа ќе ја открие неговата слабост. Во тој контекст и најголемиот фраер ќе пушти по некоја солза кога…
1. За прв пат ќе го види неговото дете на ултразвук
Мажот во тој момент се свестува дека навистина ќе стане татко и поради тоа доживува бура на емоции. Погледот во таа точка на екранот од ултразвукот која ја створил заедно со саканата жена, во него буди чувство на гордост и необјаснива среќа.
2. Ќе стане татко
Кога тоа минијатурно суштество, кое му предизвика солзи уште прв пат кога го виде во облик на ситна точка на ултразвукот, ќе пристигне на овој свет, нов втрлог на емоции ќе го преплави секој маж. Допирот на раката на неговото сопствено дете и помислата на тоа дека некој наскоро ќе го вика „тато“, се доволни причини за мажот да заплаче од среќа.
3. Прв пат ќе ја здогледа неговата идна сопруга во невестински фустан
Кога прв пат ќе ја здогледаат нивната невеста во невестински фустан, очите на мажите неретко се насолзуваат од среќа и радост. Глетката на саканата жената во такво свечено, бајковито издание кај мажите предизвикува силно чувство на возбуда и тој не може да се воздржи, а да не ѝ каже на идната сопруга: „Прекрасна си!“.
4. Ќе се разболи неговата сакана личност
Кога некоја ужасна болест ќе погоди некоја личност која му е многу блиска и драга и најголемиот фраер ќе заборави на срамот и ќе пушти солзи. Тоа се моменти кога болката и немоќта едноставно не може да ги држи во себе, а солзите му даваат олеснување и му помагаат да ја издржи целата ситуација.
5. Ќе прекине долга врска или ќе се разведе
Мажот ни за жива глава не би признал дека прекинувањето на љубовната врска или разводот многу го погодиле. Тој пред останатите ќе делува среќен што е слободен, но кога ќе остане сам со себе ќе попушти и ќе се расплаче.