КАФЕ ПАУЗА

Неверојатно слатки фотографии од кучиња пред и по шишање

Грејс Чон се занимава со фотографирање животни. За него отсекогаш биле интересни кучињата пред и по нивното шишање. Фризурите што ги добиваат преслатките животни го менуваат нивниот лик речиси до непрепознатливост.rnrn

Јуки пред шишање
rnrn
(16) Фризурата ги менува кучињата: Неверојатно слатки кучиња пред и по шишање
Јуки по шишање
rn

„Откако ќе се средат влакната на кучето, се случува тие целосно да го сменат изгледот. Така дојдов до идеја да направам фотосесија што ќе ја потенцира оваа голема трансформација кај нив“, вели Чон.

rnСлатките кученца прво се фотографирани со долги влакна, а потоа специјалните фризери им прават неверојатни фризури и целосно го менуваат нивниот изглед, дури и за нивните сопственици. Како што истакнува Чон, ваквиот начин на шишање на кучињата е вообичаен во Јапонија. Таму постојат голем број специјализирани фризери за кучиња, кои со часови работат на една фризура, за да ја доведат до перфекција.rnrn

Теди пред новата фризура
Теди пред новата фризура
rnrn
Теди сега може појасно да го гледа светот
Теди сега може појасно да го гледа светот
rnrnОвие кучиња модели се сликани во Лос Анџелес. Тие биле средувани од вештите раце на фризерите кои поминале обука кај јапонски специјалисти за фризури на кучиња. Погледнете ги неверојатно слатките кученца и нивните ПРЕД и ПОТОА фотографии и уверете се дека фризурата не ги менува само луѓето, туку и кучињата.rnrn