7 прехранбени производи полни со калории кои смеете да ги јадете секој ден
Здравата исхрана подразбира умерено консумирање на различни видови прехранбени производи. Притоа, добро е да се знае дека некои видови калорична храна не само што смеат да се јадат, туку и топло се препорачуваат. Заборавете на пржената храна полна со маснотии и придржувајте се кон добрите калории кои доаѓаат од прехранбените производи богати со протеини.
1. Сирење
За да се произведе едно парче сирење потребна е чаша млеко, така што воопшто не е чудно тоа што овој производ е полн со хранливи состојки како калциум, фосфор и витамин Б12. Во едно парче сирење се кријат и нешто помалку од 7 грама протеини кои се неопходни за градбата на мускулите, правилното функционирање на мозокот и сите други органи во телото. Неговата консумација особено се препорачува за луѓето кои одбегнуваат да јадат месо и риба.
2. Јајца
Јајцата од кокошка се единствениот производ на светот кој при готвењето губи најмалку од своите хранливи состојки кои ги има во изобилство. Во комбинација со минерали и витамини, јајцата се одличен извор на омега 3 масни киселини кои го штитат срцето и кардиоваскуларниот систем. По уживањето во овие протеински бомби ќе се чувствувате најадени подолго време, па затоа се сметаат за одличен сојузник на слабеењето.
3. Риба
Медитеранската исхрана се смета за една од најздравите режими на исхрана во светот, а се базира на консумирање риби и морски плодови. Истражувањата покажале дека луѓето кои неколку пати неделно јадат риба богата со омега 3 масни киселини се генерално поздрави, имаат понизок крвен притисок и се изложени на помал ризик од хронични болести.
4. Јаткасти плодови
Бадемите, оревите, лешниците и другите јаткасти плодови се одличен извор на витаминот Е кој придонесува за еластичноста и здравјето на кожата. Тие содржат и значајно количество на магнезиум кое тешко се добива од храната, а кое е многу важно за борбата против секојдневниот стрес, односно здравјето на нервите. Овој тип протеини особено се препорачува за луѓе кои одбегнуваат храна од животинско потекло како што се веганите.
5. Маслиново масло
Маслиновото масло е дар од природата и е одличен сојузник на целокупното здравје на поединецот. Станува збор за извор на добри масти, односно незаситени масни киселини, кои изобилуваат со витамините Е и К, како и со антиоксиданси. Редовната употреба на маслиновото масло штити од воспаленија, го намалува крвниот притисок и штити од заболувања на срцето и крвните садови.
6. Полномасен јогурт
Никако не заборавајте и на јогуртот, особено оној кој се прави од полномасно млеко. Јогуртот е исклучително здрав производ бидејќи содржи многу калциум кој е добар за забите и коските, но содржи и пробиотици кои ја стимулираат работата на дигестивниот систем и го штитат од болести. Одбегнувајте ги јогуртите со скриени вештачки засладувачи.
7. Кокос
Кокосот е овошје со најголем процент на заситени масни киселини, односно дури 90%. Но, луѓето кои во големи количини го консумираат ова егзотично овошје, а во подготовката на храната го користат неговото масло, не се во опасност од развивање кардиоваскуларни болести. Главната причина за тоа е фактот што кокосовите масни киселини се разградуваат на поинаков начин. Тие ја поттикнуваат работата на метаболизмот и гарантираат чувство на ситост подолго време. Кокосот се препорачува за луѓе кои држат диета или се обидуваат да ја одржат посакуваната тежина.