Постојат многу причини поради кои другите луѓе може да не сакаат да се во ваша близина. Секој човек е различен и на секого не му одговараат истите луѓе, но постојат одредени начини на однесување кои едноставно не се прифатливи во ниту една можна ситуација. Доколку некогаш сте биле на љубовен состанок со некој кој зборува со отворена уста додека јаде или доколку имате напорен колега кој мисли дека е шеф, јасно ви е дека постојат одредени навики и карактеристики кои воопшто не се привлечни. Ова се 15-те најчести…rn
1. Немате манири
rnБез разлика дали жвакате со отворена уста, не кажувате „благодарам“ или немате почит кон келнерите, некултурните луѓе многу лесно можат од убави да станат грди. Ако не знаете да јадете како цивилизирано човечко суштество или да се однесувате со другите како што треба, заклучете се и останете си дома сами.rn
2. Премногу пцуете
rnНормално е понекогаш да опцуете, но ако погрдните зборови се дел од вашиот секојдневен говор, не само што другите ќе ве сметаат за неинтелигентни туку и ќе побегнат од вас што подалеку.rn
3. Сметате дека заслужувате некои работи иако немате основана причина за тоа
rnНема ништо полошо од човек кој смета дека го заслужува најдоброто само затоа што мисли дека е посебен. Неблагодарноста во комбинација со мрзливоста се неподносливи особини.rn
4. Никогаш не сте љубопитни
rnЗа другите… И за светот…rn
5. Многу сте себични
rnНе се врти сѐ околу вас, но ако мислите така ви гарантираме дека сте себичен партнер, лош пријател и неверојатно многу ги нервирате колегите.rn
6. Имате лоши хигиенски навики
rnНикој не би сакал да биде човекот кого сите го озборуваат затоа што одбива да користи дезодоранс, редовно да ги мие забите и да носи чиста облека.rn
7. Ширите негативна енергија
rnПостојаното жалење и негодување е токсично и непродуктивно. Ако постојано ги осудувате работите на неуспех уште од самиот почеток, полека ќе се уништите себеси, како и сите околу вас.rn
8. Не давате поддршка
rnНајважниот дел од сите меѓучовечки односи е сигурноста дека имате на кого да се потпрете и кому да верувате. Само затоа што нешто не ве интересира, не значи дека не е важно. Покажете им на вашите пријатели и блиски дека навивате за нив и дека сте тука за да ги сослушате. Доколку не го правите тоа, набрзо ќе откриете дека луѓето не се повеќе тука за вас.rn
9. Имате премногу голем натпреварувачки дух
rnНа сите ни е потребна пријателска конкуренција понекогаш, но ако постојано ги претворате успесите во тешкотии, може да станете напорни за околината. Сакате да бидете напорни? Во ред, тогаш престанете со тоа.rn
10. Пишувате пораки наместо да се јавувате
rnЗнаете што е подобро од 100 зборови? Едно дело.rn
11. Постојано озборувате
rnСите озборуваме одвреме-навреме, но ако постојано ширите информации за другите луѓе од еден на друг човек, си ја уништувате сопствената репутација.rn
12. Никогаш не ги враќате долговите
rnНикој не заборава дека должи некому пари, а уште помалку заборава кога некој ним им должи пари.rn
13. Имате план за сѐ и не оставате простор за импровизација
rnСите имаме ограничено време во брзото темпо на живеење, но ако очекувате луѓето да ве чекаат и да се прашуваат дали ќе ги удостоите со вашето присуство, тоа е навистина лоша навика.rn
14. „Тролате“ на Фејсбук
rnДали навистина морате да пишувате зајадливи коментари на објавите од вашите таканаречени пријатели за да добиете малку внимание? Ако одговорот е „Да“, време е да си најдете ново хоби.rn
15. Лажете
rnЛуѓето ќе ве одбегнуваат, доколку немаат доверба во вас.

