9 работи кои не сте знаеле дека можат да ви ги намалат менструалните болки

Сподели

Многу жени се соочуваат со болни менструални циклуси. Притоа, речиси сите земаат апчиња за да ја намалат неподносливата болка. Но, она што сите го забораваат е дека постојат голем број природни начини кои се навистина ефикасни и можат да помогнат во таков случај. Поголемиот дел од нив се лесно достапни и веднаш делуваат. Ова се 9-те природни трикови кои можат да ви помогнат да се ослободите од менструалните болки, а кои веројатно никогаш не сте ги пробале…

Реклама

rn

1. Ѓумбир

rnПознато е дека ѓумбирот има многу позитивно влијание на човечкото здравје, така што не е ни чудно што може да помогне и во овој случај. Пијте чај од ѓумбир или искористете го како зачин во готвењето. Ова ќе ви го смири стомакот и ќе ги намали менструалните грчеви во стомакот.rn

2. Јога

rnОва е најдобриот начин за да предизвикате циркулација на крвта во сите делови од телото без да вежбате кардио. Направете некои едноставни јога вежби и истегнете го телото. Ќе забележите дека срцевиот ритам се забрзува и како што ќе почнете да се загревате, така грчевите ќе се намалуваат.rn

3. Цимет

rnПопрскајте цимет на чајот или на вашиот десерт. Циметот има карактеристики кои делуваат против воспаленијата и ќе ги направи вашите болки подносливи.rn

4. Чај од камилица

rnОвој чај има смирувачко дејство и ќе ги опушти вашите мускули, благодарение на што ќе се намали болката во стомакот. Напијте се една до две шолји кога имате навистина силни болки или секоја вечер пред спиење.rn

5. Масло од лаванда

rnЛавандата има смирувачко дејство не само на сетилата, туку и на мускулите. Намачкајте ги деловите од стомакот каде што грчевите се најсилни со масло од лаванда и нежно масирајте се 10 до 15 минути.

rn

6. Анасон

rnАнасонот е одличен за дигестивниот систем и помага да се зголеми циркулацијата што ќе овозможи секој дел од вашиот организам да биде снабден со доволно крв. Пијте чај од анасон или жвакајте ги семките, доколку сакате.rn

7. Врел туш

rnВрелата вода е најголемиот спасител кога станува збор за намалување на грчевите во стомакот. Ако не можете да седите во топла бања, со помош на тушот нанесете жешка вода на проблематичните делови. Само внимавајте да не ја изгорите кожата!rn

8. Ментол

rnЗемете бонбона од ментол или додадете го во вашиот чај. Ментолот ќе ви го смири стомакот и веднаш ќе ги олади грчевите со освежувачки вибрации.rn

9. Босилек

rnБосилекот содржи природни состојки кои ја намалуваат болката. Додадете босилек во салатата, жвакајте свеж босилек или ставете од него во чајот.

Популарно

Може ќе ве интересира