Пливањето е ефикасна кардиоваскуларна активност, преку која многу брзо се согоруваат калориите и која не создава притисок на зглобовите. Меѓутоа, доколку не сте љубител на пливањето или едноставно сакате со други вежби да го збогатите вашето фитнес секојдневие додека сте на плажа, тогаш ви ги претставуваме следниве 3 едноставни вежби.rnrn
rnrnСите вежби можете да ги изведувате одеднаш во интервали, а подредете ги онака како вам најмногу ви одговара. Сетот вежби, пред сè е наменет за струкот и ќе ви помогне да дојдете до убаво оформени стомачни мускули, но одлично делуваат и на останатиот дел од телото, затоа што водата дава отпор и ги активира сите мускули.rn
1. Лажни стомачни вежби
rnЛегнете во плиткиот дел од морето, така што главата ќе ви биде над водата, а делот од телото од рамениците надолу, ќе ви биде под неа. Подлогата не мора да биде рамна, а малиот пад надолу нема да ѝ пречи на вежбата. Рацете ставете ги покрај телото и исправете ги нозете. Потоа истовремено држете ги рамно испружените нозе и торзото, а рацете поставете ги во положба како да сакате да ги допрете прстите на нозете. Повторете го ова 10 пати.rn
2. Склекови во вода
rnЗастанете исправено во вода која треба да достигнува до вашите бедра. Испружете ги двете раце пред себе и клекнете. Повторете го и ова 10 пати.rn
3. Подводен велосипед
rnЗастанете во вода, чиешто ниво ќе биде речиси до вашиот врат и со нозете имитирајте возење велосипед. Работете ја оваа вежба една минута.