Како ќе ги препознаете креативните луѓе?
Постојано сме опкружени со нив, но тешко ги препознаваме. Некои ни се чудни, некои оригинални. Еве како да препознаете дали и кои луѓе во нашето опкружување се вистински креативци:
Креативните луѓе се љубопитни
Тие поставуваат прашања во секое време. Кога гледаат или се соочуваат со нешто што не го разбираат, тие даваат сè од себе за да го научат она што не им е јасно.
Креативните луѓе сакаат предизвици
Тие не бегаат од предизвици, туку подготвено ги пречекуваат и им се спротивставуваат. Колку е поголем предизвикот, толку нивниот адреналин е поголем. Креативците не бегаат од проблемите, туку преферираат да се соочат со нив. Тие се одлични и во решавањето на проблемите на нивните блиски и пријатели.
Креативните луѓе не се плашат да експериментираат
Креативците превземаат ризици и воопшто не се плашат од новите работи, без разлика дали се работи за нов процес, ново пријателство, нов гаџет, ново јадење… Експериментирањето е начинот на кој тие пробуваат дали нешто функционира или не. Тие се лидери и не чекаат другите да им кажат што да прават.
Креативните луѓе го сакаат најдоброто
Тие не се задоволуваат со просечни нешта. Креативните луѓе секогаш го сакаат најдоброто! Секогаш знаат да најдат начин да дојдат до посакуваното и никогаш не престануваат да учат.
Креативните луѓе знаат да прифатат и дадат критика
Без разлика што работиме, ние луѓето секогаш имаме што да кажеме. Креативците знаат да прифатат критика, особено ако таа е негативна, кога веднаш гледаат да го искористат тоа за своја полза. Но, тие знаат и да дадат аргументирана критика, позитивна и негативна. Со оглед на тоа што се луѓе кои го сакаат најдоброто, креативните луѓе секогаш сакаат да се надминат себеси во она што го прават, но истото го очекуваат и од другите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Znaci ja sum kreativna.. vo se se pronajdov 😀
Od ova ispagja deka site se kreativni 😉