Доколку сакате да најдете начин кој ќе ви помогне да го намалите потењето во текот на денот, решението можеби лежи во вашите утрински ритуали. Вашето тело има свој природен ритам и има големо влијание на вашата внатрешна температура. Од рано наутро кога ќе се разбудите, до доцна напладне, вашата телесна температура се зголемува. Тие неколку дополнителни степени ви помагаат да останете будни, но исто така предизвикуваат зголемено лачење на потните жлезди.
Важно е да сфатите дека потењето е природна појава која му помага на телото да се олади и ослободи од штетните материи, така што не треба да го спречувате на неприродни и синтетички начини. Нивото на стрес, исхраната, материјалот на облеката и хигиенските навики имаат големо влијание на тоа колку се потите и сите овие работи можат да бидат променети за време на вашите утрински ритуали, кои ќе ви помогнат да се чувствувате свежо и суво во текот на целиот ден.rn
1. Наместо антипреспиранти, користете пробиотици
rnАнтипреспирантите содржат алуминиум кои ги блокираат потните жлезди. Не само што ова е многу штетно, туку и вашето тело може да стане имуно на нив и да почне да произведува сѐ повеќе и повеќе пот. Барајте дезодоранси кои содржат само природни состојки и пробиотици кои се здрави бактерии. Тие кога ќе дојдат во допир со кожата ја држат под контрола бактеријата која предизвикува пот и непријатен мирис.rn
2. Користете природен спреј за тело со лимон
rnМаслото од лимон е многу корисно средство против зголемено потење, бидејќи киселината ги отстранува бактериите и остава свеж мирис. Можете да го приготвите и сами, а безбедно е да го прскате насекаде на вашето тело и во вашето опкружување, бидејќи има здрав и пријатен мирис.rn
3. Носете облека од природни материјали
rnПриродните материјали се многу подобри кога станува збор за потењето бидејќи дозволуваат евапорација (испарување), додека, пак, синтетичките ја задржуваат влагата и непријатниот мирис. Обидете се да носите облека од памук, лен или свила, барем во деновите со особено висока температура.rn
4. Пијте многу вода
rnТреба да бидете добро хидрирани, за телесната температура да биде секогаш урамнотежена, што значи и дека ќе се потите помалку во текот на денот. Важно е да се ослободувате од токсичните и штетните материи од вашето тело, а благодарение на внесувањето доволно течности, вашата пот ќе почне помалку да мириса со текот на времето. Испијте пола литар вода веднаш штом се разбудите и ќе забележите значително подобрување во работата на вашиот мозок и метаболизам.rn
5. Прескокнете го кафето и испијте билен чај
rnКофеинот ја зголемува телесната температура и ги активира потните жлезди, така што добро е кафето да го замените со билен чај за да се чувствувате свежо и пријатно. Кој било чај од билки што содржи многу витамини е одличен избор за да го започнете денот.
rn
6. Секогаш бидете депилирани за помалку да се потите
rnВлакненцата на телото ја задржуваат потта. Редовното депилирање ќе ви помогне да се чувствувате посуво и посвежо. И онака време е да ја подготвите бикини зоната за летните одмори.rn
7. Одржувајте ја температурата во просторијата пониска, особено наутро и напладне
rnВашата телесна температура е повисока наутро па сѐ до доцна напладне, така што добро е да бидете во просторија со пониска температура. Денес постојат повеќе различни уреди кои можат да ви помогнат во тоа, само треба да го пронајдете оној што најмногу ќе ви одговара.rn
8. Бидете внимателни при изборот на сапун
rnМожеби мислите дека добро се миете со помош на антибактериски сапун, но ако ги отстраните природните состојки од вашата кожа тоа ќе ве направи понечисти, бидејќи бројот на лоши бактерии ќе се зголеми исто како и лачењето на потта. Кога ќе се туширате, гледајте да употребувате сапун од природни состојки кој ќе ја одржи вашата кожа нежна и мазна.rn
9. Ослободете се од стресот со помош на утринска медитација
rnКога сте под стрес, жлездите почнуваат да лачат пот, и овој вид на потење може да мириса понепријатно од кое било друго потење. Утринските вежби и медитација ќе ви помогнат да го одржите нивото на стрес под контрола и да ја регулирате телесната температура. Ќе бидете пофокусирани, порелаксирани и подготвени да се соочите со дневните предизвици.rn
10. Зачинетата и солена храна може да предизвика потење
rnОдредени видови храна може да го зголемат потењето. Тука спаѓаат зачинетата храна, кофеинот, солта, шеќерот и преработената храна. Здравата исхрана полна со свежо овошје, зеленчук и протеини ќе ве снабди со сите потребни хранливи состојки и Б витамини кои ќе ви помогнат да ги регулирате сите телесни функции, вклучувајќи го и потењето.

